
Македонија
Здравство
Завршена гасификацијата на гинеколошко-акушерската болница во Чаир.
Со гордост можам да кажам дека второто родилиште по големина во нашата земја повеќе нема да биде причинител за загадување на Скопје. Инвестиравме многу во оваа здравствена установа, информираше министерот Филипче!
Вработивме повеќе од 40 здравствени работници и капацитетот на болницата го зголемивме за 25%, потенцираше Филипче!
Реновирани се операционите сали, а исто така набавивме и нова опрема. Здравствената заштита ја подигнавме на едно повисоко ниво.
Тој изјави дека е многу сум горд на тимот од Клиниката за детски болести, затоа што успешноста на лекување на детските малигноми е над 80%.
Имаме врвен стручен тим од лекари со кои треба сите да се гордееме, вели Филипче!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.