Бројот на нови пациенти е на најниско ниво од 4 март и изнесува 675, што е за 200 помалку од вчера, пренесува Ројтерс.

Објавил: Перо Милчин | 17 мај, 2020 20:47

ЗАВРШЕН УДАР ПРОТИВ КОРОНА: Во Италија најмал број на жртви од корона вирусот од 9 март!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Италија во последните 24 часа починале 145 лица од корона вирусот, што е најмал број на жртви на дневна основа од 9 март, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита.

Бројот на нови пациенти е на најниско ниво од 4 март и изнесува 675, што е за 200 помалку од вчера, пренесува Ројтерс.

Бројот на нови пациенти е на најниско ниво од 4 март и изнесува 675, што е за 200 помалку од вчера, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на епидемијата на 21 февруари, починаа вкупно 31.908 лица, што ја става Италија на третото место во светот, по Соединетите држави и Велика Британија.

Потврдени се вкупно 225.435 случаи на корона вирус, така што Италија сега е на шестото место во светот по број на пациенти, по САД, Шпанија, Велика Британија, Русија и Бразил.

Во моментов, повеќе од 68.000 луѓе се болни, а 762 пациенти се на интензивна нега. Беа излечени над 125.000 луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.