Макрон се надеваше дека неговата партија ќе добие поддршка во градовите низ Франција, а пред претседателските избори во 2022 година, пренесува Ројтерс.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јуни, 2020 11:53

ЗАВРШИЈА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА: Партијата на Макрон доживеа неочекуван пораз!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug Foto: Profimedia

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон претрпе пораз во неделниот втор круг на локалните избори, додека Зелената партија славеше победа во неколку поголеми градови.

Макрон се надеваше дека неговата партија ќе добие поддршка во градовите низ Франција, а пред претседателските избори во 2022 година, пренесува Ројтерс.

Емануел Макрон е роден на 21 декември 1977.Тој е француски политичар, јавен службеник и поранешен инвестициски банкар, избран за претседател на Француската Република на 7 мај 2017 година.

Сепак, Партијата на зелените, која ги здружи силите со левичарските партии во некои градови, победи, што може да го принуди Макрон да изврши реконструкција на владата.

Францускиот премиер Едуард Филип прогласи победа на локалните избори на кои се кандидираше за градоначалник на Абра, и иако според францускиот устав тој може да назначи некого да ја извршува функцијата градоначалник и да остане премиер, таа победа го доведува во прашање неговото останување на таа позиција.

Во Франција вчера се гласаше за градоначалници, кои во текот на кампањата ветија дека ќе се справат со проблемите од образованието до заштитата на животната средина.

Излезеноста на изборите во вториот круг  беше на рекордно ниско ниво – дури 40,5 проценти.

Резултатите од изборите би можеле да го присилат Макрон да посвети поголемо внимание на заштитата на животната средина, за што се залага „Зелената партија“, наведува агенцијата и додава дека Макрон не направил речиси ништо за екологијата.

Официјални лица изјавија дека Макрон денеска ќе разговара со Премиерот, а извори запознаени со ситуацијата велат дека „она што следува“ ќе биде навремено објавено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Обраќајќи се пред парламентот, британскиот премиер рече дека последното нешто што тој сакаше да го направи е да ги обвини здравствените работници за тоа што се случи.

Не се криви здравствените работници: Џонсон ја презеде целата одговорност за ширење на короната во Велика Британија!

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека презема целосна одговорност...

СЗО ја идентификуваше и елиминираше глобалната пандемија. Лекот веќе беше познат, но СЗО не го пријави на Кинезите ??

КОВИД- 19 НЕ Е ВИРУС: Италијанците први го пронајдоа лекот за коронавирус?

Италијанските лекари не го почитуваа глобалниот закон за здравство на СЗО, кој препорачуваше...

Хашеми бил убиен недалеку од неговата куќа, пренесува Ројтерс, и се наведува дека напишал бројни текстови за Исламската држава и за полицијаташто работела во Ирак со поддршка на Иран.

УБИЕН ПОЗНАТ ПОЛИТИЧКИ АНАЛИТИЧАР: Го чекале пред неговиот дом, не му простиле се што напишал за нив!

Вооружени лица го убиле денеска во Багдад Хишам ал-Хашеми, истакнат поранешен советник...