Со оваа одлука на Владата се поништуваат 20 решенија за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи, донесени од 11 јуни до 24 јули 2020 година, со што работниците ќе се вратат на претходните работни места на кои биле распоредени.

Објавил: Стојче Бушин | 28 јули, 2020 16:20

Заврши владината седница: Ова се најновите одлуки!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владата на Република Македонија на денешната 78-ма седница, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе Протоколот за работа на кошаркарските клубови при Кошаркарската федерација на Македонија за одржување тренинзи и натпревари без присуство на публика и Протоколот за прием на документација од студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2020/2021 година.

На предлог на Министерството за финансии, заради запазување на законските рокови, Владата денеска ја донесе Фискалната стратегија на Република Македонија за 2021-2023 година, како клучен инструмент за среднорочно буџетско планирање која е во согласност со среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Република Македонија и овозможува следење на динамиката на приходите и расходите во однос на фискалните цели.

На денешната седница Владата го прифати барањето на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, за поништување на решенијата за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи кои ги донесе претходниот министер Наќе Чулев бидејќи се донесени спротивно на Законот за Влада и на подзаконските акти во Министерството за внатрешни работи и на членовите 106, 107 и 154 од Законот за внатрешни работи и на членовите 36, 37, и 38 од Колективниот договор на МВР.

Со оваа одлука на Владата се поништуваат 20 решенија за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи, донесени од 11 јуни до 24 јули 2020 година, со што работниците ќе се вратат на претходните работни места на кои биле распоредени.

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за контрибуција на Република Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за справување со пандемијата КОВИД-19, и го задолжи Министерството за финансии, согласно  можностите, да издвои финансиски средства од Буџетот на Република  Македонија за 2020 година, за учество во Доверителниот фонд на НАТО, како израз на посветеноста на Владата на Република Македонија да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата КОВИД-19.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за јули 2020 година, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 03.08.2020 година со што од 4 август деловните банки ќе обезбедат достапност на средствата од јунските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи од 04.08.2020 година.

За корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–   4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
–   5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
–   6 август (четврток) –П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за учество на Република Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР, и го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во јачина на еден вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година, и да ја извести Владата за преземените мерки во врска со учество на Република Северна Македонија во операцијата на НАТО во Косово – КФОР најдоцна до 15.12.2020 година.  

На денешната седница Владата донесе Одлука за доделување на вкупно 50 стипендии на странски државјани од интерес на Република Македонија за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, на Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје и на Универзитетот во Тетово во студиската 2020/2021 година.

На оваа седница е донесена и Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Македонија за учебната 2020/2021 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се чисти каменот и коритото на реката, пешачката патека на кејот, се корнат гранки, треви и грмушки со кои е обраснат овој дел од градот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото и се чисти ѓубрето.

ЧИСТЕЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

Град Скопје деновиве интензивно работи на чистење и уредување на двете страни на кејот...

За да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени.

МОН: Ќе обезбедиме настава и за децата коишто немаат уреди за онлајн учење

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат...

Тој посочи дека случаите со екс министерката Гордана Јанкулоска и неговиот поранешен советник се  заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета.

Чулев: Случаите со Јанкулоска и мојот советник се заплашување, сеење страв, и освета!

По вчерашната одлука на Врховниот суд да ја потврди одлуката од Апелација за случајот...