Секоја сериозна институција, организација има потреба од теренски истражувања на јавното мислење.

Објавил: Владо Марин | 19 јануари, 2021 7:18

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА МАТНИ ЗДЕЛКИ И УРБАНА МАФИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нема ништо скандалозно и сомнително во договорите за консултантски услуги за оценка на успешноста на реализацијата на програмските активности на Општина Карпош склучени со агенцијата „Рејтинг“.

Имено, локалната самоуправа распиша јавна набавка, која може целосно да се следи преку Електронскиот систем за јавни набавки, а на истата да учествуваат сите заинтересирани страни.

Секоја сериозна институција, организација има потреба од теренски истражувања на јавното мислење.

Ја повикуваме политичката партија Левица слободно да поведе постапка пред надлежните органи, ако се сомневаат во некое незаконско делување, велат од Општина Карпош!

Општина Карпош ја има потребата од спроведување на вакви анкети за да се обезбеди и рационализација на средства и насочување на буџетските пари кон решавање на вистинските проблеми на граѓаните. Затоа овие анкети се спроведуваат пред носењето на Буџетот. Резултатите од анкетите, најголемите проблеми и потреби на карпошани се интегрираат во буџетските програми на секторите на Општината, со што се зголемува и граѓанското учество во креирање на локалниот буџет.

Теренските истражувања се релевантни и оправдани кога се спроведени од агенции, организации кои се занимаваат континуирано со таа проблематика. Оттука, Општина Карпош не може самостојно да спроведе таков тип на теренска анкета и токму затоа распишува јавна набавка за избор на оператор (агенција) која на професионален начин ќе го спроведе анкетниот процес.

Исто така, Општина Карпош работи според ISO стандард, кој подразбира континуирано мапирање на вистинските потреби на граѓаните и мерење на задоволството на испитаниците од спроведените проекти по различни области.

Ја повикуваме политичката партија Левица слободно да поведе постапка пред надлежните органи, ако се сомневаат во некое незаконско делување, велат од Општина Карпош!

Во изминативе три години, Карпош и градоначалникот Стефан Богоев се пример за законско и домаќинско работење.

Завршено е времето на расипничко трошење на буџетските пари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Новиот ИТ-центар во Аеродром, ќе им овозможи на повеќе од 1000 млади граѓани годишно да добијат пристап до стручни обуки во ИКТ секторот, а во рамките на надлежностите, Градот Скопје ќе ги поддржи малите и средните претпријатија во креирање дигитални решенија како што се е-трговија, развој на услуги за испорака базирани на апликации.

Скопје ќе биде град на дигитални можности

Скопје ќе биде град на дигитални можности! Граѓаните во секое време ќе можат да проверат...

Потребни ни се ефикасни и целосни, а не половични решенија. Да почнеме да ги менуваме работите, за наше Скопје, за модерно Скопје, вели Арсовска!

Арсовска: Мора да има системски решенија за загадувањето

На скопјани им е доста од оправдувања дека нема време нешто да се среди. Скопје не е...