
Македонија
Политика
Изборот на претседатели на комисиите како помошни тела на СДСМ беше доминантна тема на денешниот состанок на Централниот одбор на владејачката партија, рече пред почетокот на состанокот премиерот Заев.
Премиерот Зоран Заев пред почетокот на седницата на Централниот одбор во партиското седиште во Скопје, рече дека изборот на потпретседатели не е на дневниот ред.
-Доминанта е изборот на претседатели на комисиите како помошни тела. Тоа се стручните тела на СДСМ, извршниот одбор ги утврди, а сега согласно статутот на партијата мора да ги утврдиме и на Централниот одбор, потоа следува нивно доекипирање, рече Заев.
Веднаш по завршувањето на состанокот, Николовски рече дека последните случувања покажуваат дека постои целосна заштита и нов механизам, кој функционира на релација граѓани-обвинителство-МВР, кој може да се справи со криминал и корупција.
На прашање од новинарите дали високи функционери на СДСМ се вмешани во „Рекет“ Николовски изјави дека партиската припадност никого не амнестира од криминал.
-За разлика од многу други, кои ги блокираат институциите и се борат против правдата и не сакаат да дојдат на преговарачката маса само заради криминалот, ние целосно се бориме против нив, рече Николовски, додавајќи дека кој било граѓанин може да е вмешан во нешто, а институциите треба да дејствуваат за секого, без разлика дали е член на политичка партија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.