
Свет
Криза
Директорот на Цивилната заштита на Хрватска и министерот за здравство го посетија местото на кое утрото, на автопатот Белград-Загреб, се случи тешката сообраќајна несреќа, откако автобус со косовски регистерски таблички, од непознати причини, слетал од коловозот.
„Во автобусот имало 67 патници и двајца возачи. За жал, деветмина патници и еден од возачите загинаа. 44 патници се примени во Општата болница во Славонски Брод каде им се пружа лекарска нега. Од нив, осуммина се потешко повредени, четири лица се веќе оперирани а на останатите и натаму им се прават потребните орегледи. 14 патници и еден од возачите се овде во полициската станица и чекаат сместување во објект кој што треба да им го осигураме“, рече директорот на Цивилната заштита на Хрватска, Дамир Трут.
Министерот за здравство, Вили Берош, појасни дека во автобусот имало 15 малолетни лица. Едно од нив, станува збор за девојка, е меѓу потешко повредените.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.