Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности!

Објавил: Стојче Бушин | 20 август, 2020 12:11

Загина работник во рудникот Суводол во РЕК Битола

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Утрово преку соопштение до медиумите ЕСМ соопшти дека 60 годишен работник во рудникот Суводол го загуби животот.

Со длабоко жалење известуваме дека синоќа при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби 60 годишен работник.

Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности. Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот.  Јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија“ стои во соопштението на ЕСМ.

Рударско-енергетскиот комбинат Битола или скратено РЕК Битола е најголемата подружница во составот на АД Електрани на Македонија и се наоѓа на периферијата од Пелагонија, во општината Новаци во близина на Битола.

Комбинатот, чија основна дејност е производство на електрична енергија и јаглен, е најголем во системот на македонското електростопанство и е составен од две производствени единици: ПЕ Рудници (Суводол и Брод Гнеотино) и ПЕ Термоелектрана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

-Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

ДЕТАЛИ ОД МВР за сообраќајката на Рузвелтова во која загина млад доктор

Министерството за внатрешни работи денес соопшти официјални информации за сообраќајната...

Во денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Рузвелтова околу 16:30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ. Тој бил и пулмолог, а ја раководел ковид-единицата во детската болница „Козле“.

Последен пат го видов пред Инфективна, маскиран од глава до пети…

Последен пат го видов пред инфективна, маскиран од глава до пети. Го прашував како им...