За само две недели, уште една тешка сообраќајна несреќа однесе човечки живот на жител од охридско, најчеста причина според МВР е непочитување на условите на патот

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 6:24

Загина 36 годишен моторциклист, со тешки телесни повреди се здоби пешак

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Загина 36 годишен моторциклист а со тешки телесни повреди се здоби пешак во сообраќајна незгода во Охрид.

До несреќата дошло откако Стојанчо Иваноски кој го управувал моторот изгубил контрола најнапред удрил во пешак а потоа и во патничко возило марка фолсваген пасат.

Од силината на ударот на лице место починал моторџијата а лицето кое се движело по улицата било пренесен во болницата “Свети Еразмо”.

Портпаролот на СВР Охрид Димоски апелира учесниците во сообраќајот особено мотоциклистите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и условите на патиштата.

Иваноски моторот го управувал без кацига а дополнителните анализи треба да покажат со колкава брзина се движел и дали поседувал документација за управување.

Инаку сообраќајките во кои учествуваат и моторциклисти се честа појава ,пред само две недели кај Плетвар загина 20 годишно момче на мотор од Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење – Намалена видливост поради магла

Намалена видливост поради магла има од Тетово до с.Гајре 20 м и Охрид до 30м. ФРЕКВЕНЦИЈА:...

Со цел подигање на свеста за потребата од редовно користење на сигурносните појаси, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со совети, информации и одговори на клучните прашања за тоа кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас:

Заборавањето на сигурносниот појас некогаш чини живот

Една од причините за големиот број на загинати и тешко повредени лица во сообраќајни...

Според информациите од веб страницата на аеродромот, утринава на скопскиот аеродром, реализирани се сите полетувања меѓу кои за Гетеборг, Лондон и Ларнака, а слетале авиони од Копенхаген, Франкфурт, Берлин, Доха и Ларнака.

Авиосообраќајот на првиот ден од Новата година се одвива нормално

Авиосообраќајот во скопскиот аеродром на првиот ден од Новата година, се одвива нормално. Според...