На вчерашната пресконференција поранешниот премеир на државата и претседател на СДСМ, Зоран Заев изјави дека со можното укинување на Преспанскиот договор кое го најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе се врати назад 25 години.
Заев потсетува дека тогаш Македонија нема да биде Северна, но ќе се врати ФИРОМ, име со кое бевме именувани на сметка на уставното име.
– Дали ВМРО-ДПМНЕ се свесни што ќе се случи ако се уништи Преспанскиот договор? Укинувањето би не вратило 25 години наназад, и би го вратило ПЈРМ односно ФИРОМ, име со кое бевме именувани на сметка на уставното име. Тоа ќе значи укинување на членството во НАТО, губење на ЕУ перспективата, губење на милијарда евра инвестиции. Без договор од Преспа, ќе исчезне поддршката од нашите стратешки партнери, нови блокади од Грција, нова внатрешна нестабилност и ризици за конфликти, рече Заев вчера на прес-конференција.
Заев потсети дека овој договор ја донесе Македонија на вратите на НАТО и чекор до ЕУ а неговото укинување е опасна работа. Тој вети во името на СДСМ дека договорот од Преспа ќе живее, и дека ќе донесе иднина за нашата земја.
Преспанскиот договор беше потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Тој би требало да претставува решение на спорот за името Македонија и да воспостави стратешко партнерство помеѓу идната Северна Македонија и Грција. Според истиот Македонија го промени своето име во Северна Македонија односно нејзиното формално име е Република Северна Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.