Дали Македонија влегува во изборна атмосфера ?

Објавил: Узунов Бобан | 30 јули, 2019 13:44

Заев: Ако опозицијата сака, предвремени избори во октормври 2020 година !

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Зоран Заев денеска во Куманово, изјави дека е охрабрен од вчерашните преговори на работните групи за законот за јавно обвинителство, додавајќи дека се заокружени две работи и оти е закажана следната средба на која ќе се расправа за останатите отворени прашања меѓу кои и за прв човек на обвинителството.

Ќе сториме се да можеме да изградиме консензус. Секако паралелените пораки кои стигаат од страна од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека џабе е што работат работните групи кога на крајот нема да има гласање, ако нема предвремени избори, нас нема да не обесхрабри да продолжиме да работиме да ги приближиме ставовите преку работните групи“, изјави премиерот, одговарајќи на новинарски прашања при пуштање во употреба на Ургентниот центар во Куманово.

Заев нагласи дека останува и понатаму оптимист, а ако опозицијата сака предвремени избори, тие можат да бидат одржани во октормври 2020 година.

Тој додаде дека е  ова е период  на одмори и генерално работните групи можат  да работат додека Паралементот не се врати на 26 август, кога правно формално може да се предложи конечното законско решение.

„Уште еднаш напоменувам црвените линии немаме право и недозволиво е никој да ги помине, а тоа е гаранација за иднината на предметите, за иднината на СЈО, за структурите или меѓународните стандарди на јавно-обвинителскиот систем кои се вградени во самиот закон и верувам дека тоа така и ќе останае“, изјави Заев.

Тој нагласи дека политичарите треба да ги избегнат сите можности за избор на кадровски решенија во правосудството, бидејќи остава лош впечаток кога ќе седнат власт и опозиција, сите заедно да бираат судија, обвинител, шеф на судство, шеф на обвинителство или слично.

Решението  според премиерот е „елегантно“ и дава можност тие прашања да се решаваат без да има потреба од вмешување на политичарите. На тој начин, нагласи Заев, се остава независното правосудство да јакне, во својата независност, транспратентност, одговорност и отченост пред граѓаните и да дели еднаква правда за сите.

 
 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Се празнуваат Св.Козма и Дамјан, ова се обичаите

Светите Кузман и Дамјан, наречени Свети Бесребреници — христијански маченици,...

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нивната веб-страна, денеска гласаат 8.855 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК. Најмногу болни и немоќни за гласање се пријавени во Прилеп и во Кичево по 486 граѓани, потоа во Струмица – 465, во Ново Село 375, во Крива Паланка 361, во Делчево 335 и во Липково 331. Гласање за болни и немоќни нема да има во Вевчани, а во Желино е прифатено барањето на само едно лице, додека во Шуто Оризари и во Центар Жупа ќе гласаат по четири болни и немоќни лица. Во Арачиново се пријавени петмина за гласање денеска.

ВТОР ДЕН ГЛАСАЊЕ: Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Гласаат болните, немоќните,...