Кога би можеле веднаш да одиме електронски, тоа би било одлично. Но, прво опозицијата треба да се согласи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 мај, 2020 23:02

ЗАЕВ: Ако треба ќе купиме пенкало за секој гласач, тоа ќе чини 150 илјади евра!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Екс премеиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека државата би можела да најде решение за избори во јуни. Имено тој даде и свое видување на тоа како би изгледале изборите во време на пандемијата од коронавирус.

Првиот човек на ДИК рече дека воедно ваквите избори ќе чинат и повеќе пари, а со тоа ќе бидат потребни и повеќе човечки ресурси, а земајки ја предвид економската состојба во земјава за време на пандемијата од Ковид-19 би било отежителна околност.

Кога би можеле веднаш да одиме електронски, тоа би било одлично. Но, прво опозицијата треба да се согласи. Тоа на крајот треба институциите да го донесат, јас сум отворен. За саатнината кога се гласа, имајќи предвид дека ќе биде лето, никој не може да каже зошто да не се гласа од 6 наутро и до 22 часот навечер? Тоа ќе овозможни поголем простор за распоредување на гласачите. Ако треба да се купи пенкало за секој гласач, ќе купиме пенкала, трошокот за тоа би бил околу 150 илјади евра. За да не оди пенкалото во повеќе раце, рече Заев.

Заев вели дека изборите би се одржале под маски, а секој од гласачите би носел ракавици. Тој додаде дека маската би се тргнала при идентификација на гласачот, па би се вратила.

Претседателот на Државната Изборна Комисија, Оливер Дерковски пред неколку дена во изјава за Сител рече дека  цврсто стои на ставот дека во моментот нема услови за одржување на избори. Тој истакна дека тешко може да се реализираат избори под маски, но и да се почитува социјалното растојание од 2 метри. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...