
Македонија
Фејсбук
Заев: Уште еден македонски блесок во Европа!
После победата на нашиот ракометен шампион Вардар, на Фејсбук профилот честиташе и премиерот на Република Македонија Зоран Заев.
Уште еден македонски блесок во Европа! Алал да ти е Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ. Ве чекаме во Скопје!
Фејсбук статус на Премиерот Зоран Заев.
Македонскиот шампион Вардар е повторно новиот европски ракометен шампион.
Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11).
Играчите на Роберто Парондо играа одлично во првото полувреме, сосема спротивно од вчерашниот прв дел против Барселона кога „црвено-црните“ губеа со седум гола, но на крајот сепак успеа Вардар слави со огромна победа.
Нашите шампиони прикажаа извонредна игра првото полувреме што произведе водство од пет гола разлика.
Со почетокот на второто полувреме Веспрем се обиде да го ископира Вардар и успеа да намали на два гола разлика, но Вардар набрзо попушти и повторно ја зеде Европската титула.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.