Македонија
Вести
На вчерашната трибина во скопската населба Гази Баба лидерот на СДСМ Зоран Заев се обрати до граѓаните и побара уште еден мандат бидејќи тие направиле многу за државата.
Знам дека не бевме сјајни, знам дека не им завршивме работа на сите, ама направивме многу за државата и учевме од грешките. За нашите политички опоненти сме небо. Затоа барам нов чист мандат од граѓаните, за со искуството од овие 2,5 години да направиме уште повеќе – рече Заев.
Тој на трибината се обрати и до лидерот на ДУИ, Али Ахмети за кого посочи дека почнал кампања за Албанец премиер кога сфатил дека ќе загуби на изборите.
-Виде Али Ахмети дека ќе губи и опа Албанец – премиер. Ти ќе му кажуваш на Заев за Албанец- премиер. Не бе брат, никој веќе нема да ја условува татковината. Граѓаните одлучуваат кој ќе биде пратеник, кој премиер, кој претседател. Ние покажавме дека не ни е проблем да биде кој било премиер ако е чесен и способен – изјави Заев.
Заев го повика и поранешниот премиер Груевски да се врати од Унгарија за да ја отслужи затворската казна за случајот „Тенк“.
-Груевски, надвор од секое меѓународно право за азил е заштитен во Унгарија. Тој тука беше слободен човек, одеше на рочишта, џогираше крај Вардар, судењата против него беа транспарентни. Затоа јас верувам дека тој ќе се врати во земјава – и во “Шутка’ и во ‘Идризово’ за да ја отслужи казната за случајот за кој е осуден, но и за да одговара за другите случаи против него – истакна Заев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.