Пратеникот Милошоски го праша премиерот Заев дали е загрижен што амбасадорот Бејли му пишал на претседателот на Основниот суд Скопје 1 дека е разочаран од информациите дека судии носеле пресуди и одлуки за притвор под диктат на амбасадата на САД?

Објавил: Данаил Михајловски | 27 декември, 2018 13:21

Заев бара од Судскиот Совет истрага за писмото на Бејли

Фото/Текст извор: ©магазин

На седницата за пратенички прашања во Собранието, премиерот Заев рече дека преку министерката за правда Рената Дескоска ќе покрене инцијатива до Судскиот Совет за истрага по укажувањата на американскиот амбасадор дека некои судии местеле одлуки за притвор или пресуди повикувајќи се на авторитетот на амбасадата на САД.

Сега на потег е министерката Дескоска, која се очекува на следната седница на Судскиот Совет да покрене иницијатива за истрага за работата на судиите во Основен Суд Скопје1, а според укажувањата на амбасадорот Бејли, дека има информации за местени случаи при носење на одлуки за притвор или изрекување на пресуди. Оваа истрага ќе биде голем тест и за владата, но уште повеќе за судството. Од овој ангажман на Дескоска и Судскиот Совет може да зависи и тоа дали Македонија следната година ќе добие датум за преговори од ЕУ, бидејќи владеењето на правото е клучен критериум.

Судскиот Совет, според законите, е надлежен да ја следи и оценува работата на судиите, но и да одлучува за нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Доколку на пример, во истрага според укажувањата на амбасадорот се утврди дека претседателот на Основниот Суд Скопје1, г-н Џолев, поттикнувал местење на судски одлуки за притвор или пресуди повикувајќи се на влијание на дипломатски авторитети надвор од судот, тогаш Судскиот Совет има овластување да го разреши него од местото претседател на Суд, или било кој друг судија за кој ќе се утврди дека местел случаи. Овие прашања, според изјавата на Заев би требало да ги покрене министерката Дескоска, како член на Судскиот Совет по функција. Инаку лично Заев е претседател и на владиното тело за реформи во судството, откако оставка од таа позиција си даде професорот Гордан Калајџиев. Во декември 2017-та Проф. Калајџиев изјави: „Лично сметав дека реформите не се одвиваат на начин на кој јас замислував во однос на брзината, нема вистинска инклузивност ниту на луѓето кои се засегнати од реформите, пред се, тука мислам на самите судии, и обвинителството во делот на правосудството. Но, најнезадоволен бев од работата на самиот совет“.

Инаку, во 28 годишното постоење на Македонија како независна држава, ова е прв случај каде амбасадорот на САД преку писмо и укажува на судската власт дека се сомнева дека се местат притвори и пресуди со злоупотреба на неговиот авторитет. Инаку за да испрати такво писмо амбасадорот Бејли сигурно морал да добие дозвола од Стејт Департментот, а тоа значи дека кругот на дипломати во Вашингтон кои се запознаени за оваа судска афера е сигурно многу поширок. Истовремено, главната забелешка кон Македонија која доаѓа од неколку земји членки на ЕУ, е токму немањето на правна сигурност и владеење на правото во државата. Затоа од ова прашање и од оваа истрага во Судскиот Совет може да зависи и тоа дали Македонија во Јуни 2019-та ќе добие датум за отпочнување на преговорите за членство. Министерката Дескоска сега е на потег!

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, ќе трае до 21 часот на 15 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите...

Вашиот глас ги менува работите. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат тоа да го прават. Вашиот глас, пак, ни дава шанса нам, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба држава и власт која ќе ви служи вам.

Писмо од Мицкоски: Мојот сон е Македонија земја на среќни луѓе, на горда историја и наследство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на последниот ден од изборната кампања напиша...

Очекува гласањето и 15 јули да поминат мирно и достоинствено и оти нашите граѓани ќе покажат високо ниво на политичка свест и култура. Ги повика граѓаните да излезат и да гласаат и да бидат сигурни дека се здравствено заштитени.

Дерковски: Ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат – здравствено ќе бидат заштитени

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на два дена пред почетокот...