Македонија
Вести
Премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил упати честитка до граѓаните по повод верскиот празник Прочка.
Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето.
Нашето внатрешно и меѓусебно помирување се едни од главните темели за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување, со грижа и љубов за другиот.
Тоа е концепт што носи добро за сите.
Да нѐ крепи духот на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден.
Да си посакаме многу мудрост и трпеливост додека го градиме нашиот заеднички дом – дом за достоинствен живот и правда за сите наши граѓани.
Честит празник – Прочка! Имајте убав и спокоен празничен ден, напиша премиерот!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.