Наша должност пред сѐ како луѓе, после како политичари, да не им ја правиме огромната загуба на семејствата на трагично загинатите, уште потешка и да обезбедиме функционирање на системот на здравствена заштита.

Објавил: Перо Милчин | 6 октомври, 2021 8:53

Заев без никаков срам не ги прифати оставките на Филипче и Хасани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата Зоран Заев во изјава за медиумите вчера го соопшти ставот за понудените оставки на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот за здравство Илир Хасани откако во Основното јавно обвинителство Тетово беше доставен Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната КОВИД болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.

Врз основа на овие и на претходно добиените информации, сакам да ја известам јавноста дека: Нема причина да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот д-р Венко Филипче и заменик-министерот за здравство д-р Илир Хасани, кои потсетувам, од морални причини поднесоа оставки кои чекаа на мојата одлука. 

Во продолжение на ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост:

Внимателно ги прочитав наодите на истражителите за причините на несреќата во тетовската модуларна болница.

Како што е јавно соопштено, со стручните наоди на вештачењето е утврдено дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска во приклучен кабел.

За евентуалните грешки причинети од човечки фактор, ќе се произнесат надлежните органи.

Останувам на ставот дека нема да дозволам политизирање на трагедијата во тетовската болница.

Ние политичарите и извршната власт генерално не смееме и нема да го толкуваме извештајот на вештите лица кои постапуваа по наредба на ЈОРМ.

Откриена е причината за пожарот и таа е јасно и јавно објавена. Ја примив оваа информација и постапувам.

Веднаш дадов насоки до Министерството за здравство во најкус можен рок да се извршат темелни теренски контроли во сите модуларни болници.

Сега е најважно да се засилат контролите и проверките, за да се намали ризикот од вакви несреќи предизвикани од страни предмети во иднина, поради што за жал изгубивме 14 животи.

Не сме единствената земја во светот во која се случуваат трагедии. Романија е последен пример дека тешката деноноќна борба со пандемијата ги прави јавно здравствените системи поранливи од мирнодобските периоди.

Ни се случи страшна трагедија и нема бегање од тоа. Изразувам уште еднаш сочувство до семејствата на загинатите.

Болката и тагата е присутна кај целата наша нација, кај сите граѓани.

Наша должност пред сѐ како луѓе, после како политичари, да не им ја правиме огромната загуба на семејствата на трагично загинатите, уште потешка и да обезбедиме функционирање на системот на здравствена заштита.

На македонското здравство, на сите граѓани им е потребен систем кој соодветно ќе одговори и ќе ги заштити во време на пандемија. Затоа треба да гледаме и подалеку од денес и подалеку од утре. Уверен сум дека Филипче и Хасани направија и професионални и лични ангажмани за македонското здравство и спасија илјадници човечки животи и затоа им ја давам довербата да продолжат да го водат здравствениот систем.”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...