Премиерот верува дека ЕУ ќе го испорача датумот за преговори. За германската канцеларка Ангела Меркел вели дека таа е пријател на Македонија и на нашиот народ.

Објавил: Перо Милчин | 11 јуни, 2019 21:44

ЗАЕВ: „Блескав е извештајот на Македонија, 28 земји членки се позитивни за нашиот наредок„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено” на телевизија 24, рече дека очекува моќта на привлекување на ЕУ на земјите кандидатки да опстои и двете стратешки цели, членство во НАТО и добивање на датум за почеток на преговорите ќе бидат исполнети годинава.

Во вечерашната емисија „Отворено” на телевизија 24, премиерот Заев рече дека блескав е извештајот на Република Македонија и 28 земји членки се позитивни за напредокот што се случува во земјата. Тој рече дека очекува со силата на аргументите и сработеното во реформите ЕУ да возврати.

Ние сработевме нешто што чекавме 14 години и заслужуваме, рече премиерот во вечерашната емисија.

 Сигурен сум дека ќе добиеме датум но сакаме тоа да биде порано. Веројатно по состанокот со канцеларката Меркел ќе имаме подетални информации. Јас сум убеден дека најмалку ќе биде верификувано се што е направено и дека ќе има јасно прецизно определување кога ќе го добиеме датумот за преговори. Мене ми е јасно дека јуни не е толку извесна можност, но имаме можности за јули, изјави Заев.

Заев изјави дека нема да избрзува да каже дали е изигран од ЕУ, но вели дека животот е борба, животот не е фер.

Тој цврсто верува дека Европската Унија ќе го испорача датумот за преговори. За германската канцеларка Ангела Меркел тој рече дека таа е пријател на Република Македонија и на нашиот народ.

Ако не добиеме датум, рече дека сите опции се отворени како избори или враќање на мандат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

АДВОКАТИТЕ НА БОКИ-13: „Лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев”

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро...