-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Објавил: Сара Фемина | 20 септември, 2021 17:55

Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот Зоран Заев одговори дека таквиот вид болници не се поставувале со дозвола, туку со решение за примопредавање.

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Ова беа модуларни контејнери и за нив има примопредавање, а не употребна дозвола, одговори Заев, и притоа додаде дека со слична постапка се поставуваат и маси пред кафулиња.

По ова тој иронично додаде: „И што треба сега, сите да се посипеме со бензин и да се самозапалиме“?

Изјавата можете да ја слушнете и погледнете на следниов ЛИНК.

Премиерот Заев очекува до крајот на неделава, истражните органи да ги објават причините за пожарот во тетовската модуларна болница. За десетина дена ќе пристигнел извештајот и на германските истражители.

Вели, јавноста ги барала одговорите, но и самиот тој бидејќи требало да одлучи дали ќе ги прифати оставките на Филипче, неговиот заменик и директорите на болницата во Тетово. Појаснува дека ќе се анализира и успешноста на функционерите кои понудија оставки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...