Во наше изменето современие, научивме дека Велигденските денови се можност да се свртиме кон себеси и кон нашите најблиски, да создаваме добри дела и да покажеме солидарност, почитување и разбирање еден кон друг.

Објавил: Перо Милчин | 2 мај, 2021 10:37

Заев: Велигден со пораката за саможртвата на Христос да ни биде пример со личен подвиг

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев испрати писмо со честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски Господин Господин Стефан, до членовите на Синодот и свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, како и до сите православни верници по повод големиот празник Воскресение Христово – Велигден.

Во честитката премиерот Заев истакнува дека во време кога целиот свет поминува низ тешки премрежија предизвикани од коронавирусот КОВИД-19, празникот на спасението, кој го означува крајот на Христовите страдањата и со кој ја славиме победата над смртта, нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност како одговорни чинители на нашата заедница да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на блиските.
 
Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме текстот од видео пораката што премиерот Заев ја упати по повод празникот Воскресение Христово Велигден:
 
„Почитувани граѓани, 

И оваа година еден од најсветлите празници – Велигден го дочекуваме во специфични услови и со ограничувањата кои ги донесе пандемијата. Во овие предизвици не сме сами – целиот свет се уште е во состојба на криза или вонредност поради опасниот вирус.

Празникот на спасението, кој го означува крајот на Христовите страдања и со кој ја славиме победата над смртта, нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност да понесеме одговорност за доброто на сите во нашата заедница. Да се заштитиме себеси и здравјето на блиските.

Саможртвата на Христос е подвиг од љубов, посветен на нас луѓето. Бог ни се даде како пример. И токму овие светли празници секој од нас прави личен подвиг пред искушенијата – секој од нас трезвено и воздржано внимава на заштитата на здравјето односно на предизвикот што го наметна оваа глобална здравствено-економска криза.

Во наше изменето современие, научивме дека Велигденските денови се можност да се свртиме кон себеси и кон нашите најблиски, да создаваме добри дела и да покажеме солидарност, почитување и разбирање еден кон друг.

Во овој период на пандемија, да празнуваме како одговорни граѓани, а Велигден, како празник на надежта, да донесе благосостојба, радост и сплотеност во нашите домови. Опкружени со љубов, но и со надеж за подобрите денови кои доаѓаат, да бидеме исполнети со хармонија и прошка, мир и просперитет, без поделби, без омраза, без конфликти.
 
Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје и со духовна сила!

Нека е честит големиот христијански празник – Велигден!

Христос воскресна! Навистина воскресна!“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид.

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата на Република Македонија ги поддржува активностите за отстранување на бесправните...

Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.

Македонците вакцинирани со Фајзер и АстраЗенека ќе можат да патуваат во ЕУ

Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно...

Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22.30

Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е...

Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите, како и да сочува што повеќе работни места.

Продолжува поддршката за стопанството – бескаматни кредити од 10 милиони евра, со можност за грант до 50%

СДСМ и институциите што ги предводи креира и реализира навремени и сеопфатни економски...