Државата ќе вложи огромни средства за поддршка на стопанството, а поддршка очекуваме и од ММФ и Светска банка.

Објавил: Сара Фемина | 21 март, 2020 7:23

ЗАЕВ: Верувам дека успешно ќе ја пребродиме економската криза предизвикана од коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Верувам дека успешно ќе ја пребродиме економската криза предизвикана од коронавирусот, како што досега успешно се справуваме со здравствените аспекти, пишува на социјалните мрежи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев вели дека државата ќе вложи огромни средства за поддршка на стопанството, а поддршка се очекува и од ММФ и Светска банка.

Целта е да ги одржиме фирмите стабилни, а вработените да не бидат отпуштени.

Ве повикувам сите на одговорност, на заедничка акција и солидарност – само заедно, сплотени, може да се избориме против коронавирусот.
Да им помогнеме на институциите, на јавното здравство, преку наш личен пример, преку лична одговорност. Да останеме дома, да нема никакви собири, да користиме средства за дезинфекција и често да миеме раце.
Да се почитуваме, да си помагаме и да се чуваме. Секој живот е важен, секој човек е важен, вели во видео порака лидерот Зоран Заев.

Многу е важно да се информираме правилно и да споделуваме само проверени информации во периодот кој ни претстои. Институциите досега навремено и точно информираат и верувам дека тоа така ќе продолжи и во иднина.
Верувам и дека медиумите ќе продолжат да помагаат со своето одговорно и професионално известување. Благодарение на нив имаме информирана јавност.
На оние од екипата “Лажни вести” им порачувам да престанат да му штетат на нашиот народ, заклучува Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Верувам дека г-н Панче Заев е човек во години и од почит кон него и кон семејството Заеви, овој пат нема да одговорам на овој коментар. Не можам да ги спречам другите да коментираат, но јас ќе се воздржам. Ќе чекам некој на г-н Панче Заев нешто да му објасни.

Таткото на Заев со недолични коментари до Героски: Во идната влада ќе ве предложиме за советник!

Новинарот и уредник на порталот Плусинфо кој преку своите колумни откри во јавноста...

Во последните 60 дена знам дека мојата релација на движење била Болница „Плодност“- дома и обратно (едната од другата раздалечени најмногу 300метри) и никаде на друго место.

Докторот од Битола, позитивен на коронавирус: Негативните коментари патуваат побрзо од вирусот

По позитивниот тест на коронавирусот, д-р Христијан Трпчевски, инаку специјалист...

Одамна ги заслуживме, неправедно ни беа ускратени и ова е одлично за Македонија. Ќе помогне многу во иднина. Таму ни е местото.

ГРУЕВСКИ: Честитки за членството во НАТО- ТАМУ НИ Е МЕСТОТО, ОВА Е ДЕЦЕНИСКА ОДЛУКА, ЗАСЛУЖИВМЕ!

Честитки за граѓаните на Македонија за членството во НАТО и одлуката за почеток на...

Со ова пратениците се откажуваат од пратеничкиот мандат и на нивно место треба да дојдат следните на избирачкиот список.

НАЈЧЕВСКА: Талат да престане лажно да се претставува како претседател на Собранието- сиктер неписмени едни

Ако Собранието не сака да заседава тогаш ни пратениците не треба да добиваат никакви...