На натпреварот ќе имаме и двајца наши репрезентативци кои ќе се натпреваруваат во дисциплината крос- кантри.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 февруари, 2019 18:05

Заев вечерва на гости во Босна. Ќе се отвораат Европските младински Олимписки игри

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Зоран Заев вечер ќе присуствува на отворањето на Европските младински олимписки игри, што од денеска до 16 февруари ќе се одржат во Сараево, Босна и Херцеговина.

Во Олимпискиот комитет во Босна денеска беше претставен нивниот тим за Европскиот зимски олимписки фестивал, кој ќе се одржи од денеска до 16 февруари во Источниот дел во Сараево. На натпреварот ќе имаме и двајца наши репрезентативци кои ќе се натпреваруваат во дисциплината крос- кантри.

Еден од учесниците Никола Петковски ќе настапи на 11 февруари, во трката на 10 км слободно а додека Ана Марија Зафирковска на 12 февруари ќе се натпреварува во трка на 5 километри слободно.

Босна на ова зимско олимписко првенство ќе претстави 21 спортист и 8 тренери. Ќе настапат во 5 спортови : Алпско скијање, ски трчање, биалтон и брзо лизгање и snowboard.

На овој Европски олимписки фестивал за млади, на кој ќе учествуваат спортисти од 14 до 18 години, ќе има 911 натпреварувачи од 50 земји од светот.

Босанската делегација на свеченото отворање вечерва на Олимпискиот стадион Асим Ферхатовиќ, ќе брои 32 учесници.

Знамето ќе го носи скијачката Есма Алиж, а олимпискиот пламен ќе го запали најдобрата во класата во џудо Лариса Чериќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

АДВОКАТИТЕ НА БОКИ-13: „Лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев”

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро...