На 25-ти јуни ќе се одржи собраниска седница за реконструкција на владата, Заев останува премиер, а повеќе министри ќе бидат сменети со други!

Објавил: Данаил Михајловски | 13 јуни, 2019 14:06

Заев вика датум, Меркел вели стабилност, крајот на јуни реконструкција на владата!

Фото/Текст извор: ©магазин

„Канцеларката го прими премиерот на Северна Македонија, Заев, во федералната влада. Покрај билатерлните прашања меѓу двете земји фокусот на дискусијата беше исто така надворешната политика и прашања поврзани со ЕУ“, се вели во двете реченици кои конкретно се однесуваат на денешната средба во Берлин. Ваквото штуро соопштение не остава уверлив впечаток за исходот од овој разговор, дали бил позитивен или негативен. Но едно е јасно, одлука за датум во јуни ниту имало лани, ниту има сега. Германскиот Бундестаг за ова прашање најверојатно ќе дискутира кон крајот на септември или почетокот на октомври. Во меѓувреме, на 25-ти јуни ќе има реконструкција на владата на Заев!

Фејк њуз 2018-та, кога Заев, Бујар, Димитров и Анѓушев објавија дека Советот на ЕУ донел одлука за датум за преговори за Македонија, кои ќе почнат јуни 2019 година!

На својата ФБ страна, премиерот Заев напиша: “Канцеларката Меркел нѐ информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Македонија, согласно утврдените процедури на Германија за прашањата за проширување на ЕУ. Канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.“ Со ова соопштение Заев фактички сам си ги демантираше неговите изјави од минатата година кога во Собранието кажа дека “ЕУ донесе историска одлука, граѓаните може да се радуваат, Македонија доби конкретен датум за преговори кои ќе почнат во јуни 2019 година“. 

Повторно истото друштво, Заев, Бујар и Димитров, во јуни 2019та, со Меркел, но без датумот за ко ланиј ја излажаа јавноста.

Владини извори за Магазин брифираат дека Заев нема да си поднесе оставка заради непочнување на преговорите во јуни, како што најавуваше пред неколку дена. Во следните денови ќе го свика централниот одбор на СДСМ и ќе им ја соопшти таа одлука, а потоа, најверојатно на 25-ти јуни, до Собранието ќе предложи реконструкција на владата, при што ќе бидат сменети најмалку 7 министри. Во владата по се изгледа нема повеќе да останат министрите Горан Сугаревски, Драган Тевдовски, Арбер Адеми, Асаф Адеми (кој поднесе оставка), Хазби Лика, Љупчо Николовски (избран е за ген.секретар на СДСМ) и Сухејл Фазлиу. Сеуште се води дебата меѓу СДСМ и ДУИ за тоа дали министерот Садула Дураку ќе остане член и на новиот владин состав во некој ресор.

Германскиот пратеник од ЦДУ, Јохан Вадефул денес изјави: “Што се однесува до Македонија, според моите сознанија и проценки, можам да кажам дека земјата на крајот на септември ќе добие согласност од мојата пратеничка група и од Бундестагот. Притоа воопшто не е од помош, ширењето страв од трети сили или земји“, кажа Вадефул по заканите на Заев и Димитров дека одложувањето на одлуката за преговори може да ги засили активностите и апетитите на Русија и Кина во Македонија и во регионот, пренесува Дојче веле.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со прогласување на кризната состојба државата ке може да ги искористи и приватните субјекти и нивните капацитети за справување со алрамантната ситуација со пожарите во земјава

Управувачкиот комитет побара кризна состојба во следните 30 дена

Безбедносните институции во земјава поради ситуацијата со пожарите сепак  предлагаат...

Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

Бугарската влада ќе испрати 25 пожарникари во Македонија

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република...

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата...