Инвестираме 121 милиони денари за замена на постоечките нееколошки системи за греење, за набавка на пречистувачи за воздух за градинките, училиштата и здравствените и административните објекти.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 септември, 2019 15:49

ЗАЕВ: “ВЛАДАТА ИНВЕСТИРА ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ ЗА СИТЕ”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи објави дека владата инвестира во почист воздух за сите граѓани во Република Македонија.

– Инвестираме 121 милиони денари за замена на постоечките нееколошки системи за греење, за набавка на пречистувачи за воздух за градинките, училиштата и здравствените и административните објекти, како и за инсталирање филтри во малите и средни претпријатија кои испуштаат штетни материи во воздухот, напиша тој.

Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани во Република Македонија, и заложба на Владата на Република Македонија.

Чистиот воздух е една од главните компоненти, кој, за жал, историски гледано во Република Македонија, во последните децении, бележи високи вредности, стои во соопштението на владата.

Аерозагадувањето е последица на многу фактори, и за да се намали, потребно е да се намалат емисиите на загадувачки супстанци од сите извори споменати во воведот.

Прв чекор кон решавање на проблемот со загадување е одредување на изворите на загадување. За таа цел, Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и други релевантни институции во изминатите години направија серија на анализа и студии за да утврдат во кој период од годината се јавуваат најголемите концентрации на загадувачки супстанци. Согласно овие студии најголемите пикови (највисоки концентрации), кога се анализираат просечните месечни или дневни концентрации, се јавуваат во текот на зимскиот период за време на грејната сезона. Ова е илустрирано во следниот графикон за ПМ2.5 честичките.

Сите анализи и наоди спроведени досега укажуваат дека греењето е најголемиот загадувач на воздухот и во Скопската котлина. Ваквите наоди се потврдуваат и во студијата изработена од страна на Финскиот метеоролошки институт во рамките на твининг проектот со МЖСПП каде е пресметано дека дури 90% од вкупните емисии на ПM честичките доаѓаат од загревањето (огревно дрво), стои во соопштението на Владата на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Судство ослободено од политиката и со судии кои имаат елементарни интелектуални капацитети да бидат судии.

НАЈЧЕВСКА: „Дајте бре не цмиздрете туку засукајте ракави- СИТЕ КРИМИНАЛЦИ ВО ЗАТВОР„

Сакате да кажете дека промените кои се направени а кои соодветствуваат на вредносниот...

Туку, не ми е јасно како после личниот неуспех и после оваа глупава изјава на Твитер - ама ептен недоветна! - без оставка ќе мине и министерот за надворешни работи Димитров.

ГЕРОСКИ: “ЗАЕВ И ДИМИТРОВ СЕ ЛУЃЕ БЕЗ ОБРАЗ И СРАМ, премиерот што не дава оставка, не дава„

Заев што не дава оставка, не дава. Тоа се очекуваше. Арен маж на зборот не си стои, нели....

Евро перспективите се движечката сила на реформите и имплементацијата на преку 400 закони усогласени со евро-стандардите.

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ МУ ПИША НА МАКРОН: “Дајте и шанса на Македонија да се движи напред, направивме многу”

Господнине претседателе, Македонскиот народ и сите граѓани во изминатите 30 години,...

Имено тој со видеото се надоврзува со бариерата која ја постави Франција, односно претседателот Макрон за датум за отпочнување преговори за Македонија и Франција.

Михајловски се пошегува за ЕУ: Кога на дете ќе му кажат дека не оди на одмор туку на село

Познатиот македонски актер Тони Михајловски реши малку да се пошегува па на својот...