СДСМ чекори напред кон стабилност и безбедност, кон економски раст и развој.

Објавил: Стојче Бушин | 13 февруари, 2020 16:51

ЗАЕВ: ВМРО-ДПМНЕ еден чекор назад, СДСМ три чекори напред

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ чекор назад со најави за враќање во времиња на изолација, блокади, кавги со соседите и неизвесност, пишува на социјалните мрежи екс премиерот Зоран Заев.

Тие еден чекор назад, ние три чекори напред, вели Заев.
ВМРО-ДПМНЕ чекор назад со најави за враќање во времиња на изолација, блокади, кавги со соседите и неизвесност.
СДСМ чекори напред кон стабилност и безбедност, кон економски раст и развој.

Заев вели дека НАТО не е само безбедност и сигурност. Членството во НАТО значи и повеќе инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Тој вели дека целиот наш народ, сите наши граѓани се горди на овој историски успех – Република Македонија, 30-та земја-членка на НАТО!

Заедно сме, рамо до рамо со најсилните, најмоќните демократски држави во светот, тврди Заев.

Пред два дена пратениците го ратификуваа протоколот за пристапување на земјата кон НАТО. За ратификацијата гласаа 114 од вкупно 120 пратеници а немаше гласови против ниту пак воздржани.

Република Македонија го започна процесот на пристапување во НАТО во втората половина на 2018 година, откако доби покана на самитот на Алијансата во Брисел на 12 јули истата година да стане членка на најмоќната воено-политичка алијанса во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

(Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други)

Милошоски: Заев и Борисов на средбата во Бугарија треба да се согласат дека Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук напиша дека премиерите Заев...

Тој се повлече од сите јавни функции, а исто такантој поднел оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ.

ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ СЕ ЗБОГУВА СО ЗАЕВ: Се повлече од политиката и даде оставка на сите јавни функции!

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски...

Ги читам вечерва новите информации во серијалот новинарски истражувања околу состојбите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Впечатокот е загрижувачки.

Димитров: Итно е потребно целосно расчистување на случајот со европските пари за фризерницата

Веднаш да се расчисти случајот со Националната агенција за европски образовни програми...