Меѓу гостите е и целиот политички врв на СДСМ на чело со претседателот на партијата, Зоран Заев.

Објавил: Сара Фемина | 7 март, 2020 23:39

ЗАЕВ ВОДИ ОРО, ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СДСМ ЛУМПУВААТ ВО ХОТЕЛ: Се ожени Љупчо Николовски(фото)

Фото/Текст извор: ©бриф.мк

Свадбена веселба вечерва прави генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделие Љупчо Николовски со неговата сопруга Андријана Јакимовска.

Додека гостите пристигнуваат невестата и зетот направија селфи, а Николовски ја објави фотографијата на социјалните мрежи.

Меѓу гостите е и целиот политички врв на СДСМ на чело со претседателот на партијата, Зоран Заев. 

Меѓу гостите е и целиот политички врв на СДСМ на чело со претседателот на партијата, Зоран Заев. Парот минатата година во октомври се венчаше во интимна атмосфера во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Николовски ја запроси Андријана лани, кон крајот на месец јули во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море, чие име во превод значи пристаниште на розите. Се знаеле цел живот, бидејќи и двајцата се по потекло од ист град, и долги години биле заедно.

Љупчо Николовски е македонски политичар од редовите на СДСМ и министер за земјоделство во владата од 2017. Николовски дипломирал на правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2007, а во периодот 2007–2008 работел како адвокатски приправник.

Во февруари 2014 бил назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев.

Во 2017 бил именуван за прв човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Николовски говори англиски и италијански јазик

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Српската армија во салата 1 организира простор за сместување, јадење и гледање телевизија, а достапни се книги, списанија и дневeн печат.

ЕКСКЛУЗИВНО МЕНИ- вака се хранат заразените ВО КАРАНТИН во Србија: Гулаш, свинско месо, печење, туршија, цвекло!

Во салата 1 на Белградскиот саем, каде што српските вооружени сили организираа привремена...

Онтарио се бори да најде повеќе респиратори, но бидејќи потрагата по нив е низ целиот свет, тие се свртеа кон други можни решенија.

ДОКТОР СО ЕДЕН РЕСПИРАТОР СПАСИ 9 ЖИВОТИ: Цел свет зборува за генијалниот потег на докторот од Канада!

За секоја земја во време на пандемија на коронавирус, еден од најголемите проблеми...

Голем број на студии докажаа дека овој принцип е штетен за општата здравствена состојба, особено кога станува збор за хронични пациенти.

ГО ПОМЕРИВМЕ ЧАСОВНИКОТ НАПРЕД: Еве каква промена се случува кај жените и што треба да направат!

Заштеда на дневното време во Европа започна во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ги...

Подобриот квалитет на воздухот, според научниците од универзитетот, би можел да спаси помеѓу 50 000 и 75 000 луѓе од предвремена смрт.

ПОСЛЕ КОРОНА, НИ СЕ ЗАКАНУВА НОВА КАТАСТРОФА: Од ова нема да можеме да се заштитиме со изолација!

Пандемијата на коронавирус го смени начинот на живот во целиот свет.  Драстичните...