Остварувањето на вековниот сон на нашите револуционери. Обезбедувањето сигурност за сегашноста. Обезбедувањето иднина за младите. Вредеше! Да му се радуваме со гордост на овој ден!, напиша екс премиерот Зоран Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 март, 2022 14:51

Заев: Вредеше мој народе, што влеговме во НАТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изминавме долг пат кој го занемаривме од дента кога горди го гледавме македонското знаме како се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел. Ден кој е историја. Важно предание за нашите поколенија. Вредеше, мој народе!

Остварувањето на вековниот сон на нашите револуционери. Обезбедувањето сигурност за сегашноста. Обезбедувањето иднина за младите. Вредеше! Да му се радуваме со гордост на овој ден!, напиша екс премиерот Зоран Заев.

Според него, излеговме од изолацијата за денес да носиме одлуки со најмоќните.

Годишнината од членството во НАТО е повод кој го буди секое македонско срце. Момент на кој сите се сеќаваме со гордост. Денес, кога беснее разорна војна, гледаме колку е значајно тоа што ние сме НАТО. За секој граѓанин денес да биде спокоен, за домот ни е сигурен и безбеден – вредеше! Тргнавме со лузни од крвави удари по дома и раб на граѓанска војна. Се изборивме за реформи кои нѐ трансформираа од заробена држава во демократија. Излеговме од изолацијата од светот, за денес да носиме одлуки за нашата судбина рамо до рамо со најмоќните во светот, напиша Заев.

Го постигнавме, потсети, историскиот Преспански договор.

Гледајќи како недалеку од нас се гранатираат недолжни цивили, се потсетуваме зошто е важно тоа што спорот со соседите го решивме преку дипломатија и мир. Светот нѐ награди мене и мојот драг пријател Ципрас со мировни награди, но вистинската награда е тоа што двата народи денес ни живеат во мир и слога. Референдумот од 2018 го подржаа над 600.000 граѓани. Со зборовите на мојот драг пријател Столтенберг: „Вратата на НАТО е отворена, но само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат”, дополнува Заев според кој, „навистина беше така – поддршката за референдумот од граѓаните беше поголема од која било друга политичка идеја низ историјата по референдумот за независност”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...