Македонија
Вести
Вечерва по укинувањето на полицискиот час во државава поранешниот премиер на државава и претседател на СДСМ, Зоран Заев упати важна порака до граѓаните.

Тој посочи дека Македонија е спремна за враќање во нормала, но посочува дека секој од нас е одговорен сам за себе, бидејќи вирусот се уште е присутен.
Време е за новата нормалност. Нашето општество мора да продолжи да функционира. Мерките се олабавуваат, надлежните институции потврдуваат дека епидемијата е под контрола. Вирусот ќе биде присутен подолго време и мора да научиме да живееме со него.
Граѓаните, секој од нас, сега има уште поголема одговорност. Битката не е завршена. Да бидеме внимателни и да се чуваме бидејќи со тоа ги штитиме нашите најблиски и го чуваме јавното здравје. Задолжително да ги почитуваме сите мерки – на тој начин спасуваме животи.
Инаку оваа одлука за укинување на полицискиот час ја соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски, а воедно посочи дека 22 дена по завршување на вонредната состојва ќе се одржат изборите кои беа одложени.
Од утре престанува забраната з адвижење низ Македонија , а од четврток почнуваат да работат терасите на угостителските објекти. Од 1. јуни орекинува важењето за мерките донесени како дел од вонредната состојба. Задолжителниот карантин се заменува со домашна изолација , доколку лицата поднесат ПСР тест направен во последните 72 часа. Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација .
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.