Притоа, тој вели дека парламентарното мнозинство е стабилно. Според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не може да привлече ново мнозинство.

Објавил: Перо Милчин | 23 октомври, 2021 8:34

Заев: Вториот круг е клучен за мене, никој не е вечен

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вели дека вториот изборен круг од локалните избори на 31 октомври за него е влог од „се или ништо“.

Се носи одлуката и граѓаните треба да си знаат. Ова не е никаква закана, ова е чесно споделување на чувствата. Јас реков никој не е определен и гарантиран од татко му или од партијата дека ќе биде таму и таму… Важен е само народот и државата, се друго е минливо – рече Заев на ТВ 21.

Притоа, тој вели дека парламентарното мнозинство е стабилно. Според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не може да привлече ново мнозинство.

Не мислам дека во државава треба да има парламентарни избори. Тоа што јас го кажав, дека јас и Влада предводена од мене, тоа не значи дека треба да има парламентарни избори. Впрочем, вчера е истиот ден во кој што е потврди стабилно политичко мнозинство и нема тука дилема. Не може, не Мицкоски, кој сака нека е, да привлече од тоа мнозинство затоа што не нуди нешто подобро. Во моментот кога ќе понуди нешто подобро тогаш се е отворено и тоа е демократија – порача Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Ние имаме договор со Заев како премиер, а не како градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата

Османи: ДУИ очекува Заев да продолжи да ја води Владата

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вчера во дебатниот...

Мицкоски истакна дека пратеникот Кастриот Реџепи не само што го погазил сопствениот збор поради материјални придобивки, туку го погазил и зборот на политичката партија БЕСА која што за разлика од него на денот на гласање пристигна во Собранието на Република Македонија.

Мицкоски: Власта сама себе се бојкотираше, пратеник како во Боливија читаше напишана изјава

Во вчерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на...