Со заменувањето на ЕУ Инфо центрите со Европски куќи се овозможува младите луѓе да имаат место каде што ќе ги развиваат нивните критички размислувања, ќе ги зајакнуваат своите мрежи и ќе бидат директно вклучени во обликувањето на европската иднина на својата земја.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 февруари, 2021 16:34

Заев, Гир и Јаневски на отворањето на Европската куќа во Струмица: Европа е нашиот дом и нашето семејство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев, амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир и градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски денеска во Струмица свечено ја отворија „Европската Куќа“.

Ова е трета локација по Скопје и Крива Паланка каде што се отвораат вакви објекти, а нивното отворање и нивниот концепт се сеопфатен одговор на барањата и потребите на нашите граѓани да бидат во најблизок контакт со политиките на ЕУ, кои се од интерес на младите и на граѓаните на нашата земја и придонесуваат за активно вклучување во обликувањето на европската иднина на земјата.

„Кога ќе речеме „Европска куќа“, тогаш зборот куќа не го толкуваме како нешто што означува архитектонски објект, туку како дом. А каде што има дом, таму има и семејство. Најчесто Европската Унија ја нарекуваме – Европско семејство. Ако е тоа така, тогаш оваа „Европска куќа“ што денес ја отвораме, не е ништо друго туку Европски дом за младите струмичани“, рече премиерот Заев во своето обраќање.

„„Европска куќа“ ќе биде исклучително жив простор во кој младите од Општина Струмица, па и пошироко, ќе ги чуваат и негуваат европските вредности, преку разни форми на дружење, инфо-услуги, ЕУ дискусии, реализација на проекти, промоции на ЕУ настани, изложби, филмски, музички и мултимедијални настани, работилници и слично. Убеден сум дека „Европска куќа“ ќе биде омилена дестинација за младите и дека сите настани кои ќе бидат реализирани ќе ги дадат посакуваните резултати“, истакна градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.

Со заменувањето на ЕУ Инфо центрите со Европски куќи се овозможува младите луѓе да имаат место каде што ќе ги развиваат нивните критички размислувања, ќе ги зајакнуваат своите мрежи и ќе бидат директно вклучени во обликувањето на европската иднина на својата земја.

Позитивните искуства кои ги имавме со отворањето во Скопје не инспирираа да отвориме повеќе вакви точки за идните генерации ширум градовите во Северна Македонија. Младите луѓе мора да бидат дел од отворениот дијалог за Европските перспективи на земјата од првиот ден. Мора да се вклучени во разговорите за сите големи прашања и да бидат активни чинители“, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната церемонија во Струмица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со прогласување на кризната состојба државата ке може да ги искористи и приватните субјекти и нивните капацитети за справување со алрамантната ситуација со пожарите во земјава

Управувачкиот комитет побара кризна состојба во следните 30 дена

Безбедносните институции во земјава поради ситуацијата со пожарите сепак  предлагаат...

Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

Бугарската влада ќе испрати 25 пожарникари во Македонија

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република...

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата...