Двајца од осумте “пишман“ пратеници не сакале повторно да гласаат за уставни измени

Објавил: Данаил Михајловски | 6 декември, 2018 19:10

Заев “ги вози“ осумте пишман пратеници

Фото/Текст извор: ©магазин

Подели, па владеј. Таква тактика примени премиерот Заев во однос на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а во однос на обезбедувањето на 2/3 мнозинство за поддршка на иницијативата за имени на Уставот.

За да не се преценува Заев, треба да се каже дека ова го постигна и со координирана (зло)употреба и притисоци од судството, СЈО и јавното обвинителство, и успеа да оддели 7 пратеници од ВМРО и една пратеничка од Социјалистичката партија. Не мала улога тука играле, според изворите на Магазин, и неговиот брат Вице Заев, како и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кои со здружени напори користеле и одредени понуди на материјални придобивки кои им биле ветувани на дел од пратениците. Се на се “дилот“ се сведувал на равенката дека секој ќе добие по нешто што му треба: Заев ќе добие 2/3 мнозинство и постабилно мнозинство, тројцата пратеници монтирано обвинети за тероризам (Мукоски, Арнаудов и Василевски) ќе добијат слобода, една пратеничка преку Апелациониот суд ќе добие слобода за осудениот син, политичкиот спонзор на еден од пратениците ќе добие одблокирани сметки за бизнисот на неговите фирми, Вице и Мијалков ќе добијат поголема шанса за окрупнување на приватниот капитал, и така натаму. Но, изгледа дека на денот на договарањето на двотретинското гласање, кога Муковски, Канческа – Милевска, Арнаудов, Василевски, Александрова и други, еден по еден влегуваа во кабинетот на Талат Џафери, да си пуштат рака за договорот со Заев, дека Заев бил поитар од нив. Заев умешно ја искористил нивната збунетост, страв, семејни неприлики, судските малтретирања, нивната потчинета положба кон државниот апарат и нивната зависност од институциите кои токму тој ги диригира, и им изнудил на поголем дел од овие пратеници да пуштат рака дека ќе гласаат за уставните измени и да се договорат за нешто што тој или не сака или не смее во целост да го исполни.

Канческа Милевска беше пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, но после исклучувањето од партијата стана „координатор на пратеничката група за уставни измени„. Се води како првообвинета во случајот “Тендери“ кој го води СЈО, а кој пак се однесува на изградбата на партерното уредување на Музејот на ВМРО. Инаку, според “Призма“ за повеќе објекти од “Скопје 2014“ исплатени се околу 54 милиони евра, најчесто преку фирмата Бетон-Штип, за која фирма пак се шпекулира дека одреден дел е во ко-сопственост на Мијалков?

За да се најде форма која навидум ќе изгледа како институционално тело за договореното пазарење при гласањето за смена на уставот, се формира една собраниска група, наречена “Парламентарна група за помирување и интеграции“. Ко-претседавачи на ова вонредно работно тело се Фросина Ременски (човек од доверба на Заев) и Емилија Александрова (роднина и човек од доверба на Сашо Мијалков). Но, во последниве две недели, се забележува дека оваа парламентарна група на два пати откажува јавно најавени состаноци, а исто така два пати го поместува рокот на нивниот најавен предлог-закон за амнестија и помирување. Според сегашниот развој на настаните се забележува дека има некаков проблем во исполнувањето на договореното меѓу Заев и дел од овие осум пратеници, што најлесно се чита преку изјавите на пратеничката Александрова, која два пати потенцираше во јавноста, дека процесите на помирување и процесот на уставни измени се условени еден од друг, што во превод би значело дека доколку Заев не им го испорача тоа што го договорил, тогаш овие пратеници нема повторно да гласаат за уставните измени во Јануари, кога повторно се потребни 2/3 мнозинство. Според извори блиски до оваа пратеничка група, токму пратеничката Емилија Александрова е една од оние кои се незадоволни од тоа како власта постапува со нејзи блискиот Сашо Мијалков, и дека така не било договорено. На еден состанок со колегите Александрова рекла дека доколку власта продолжи да игра на ваков начин, таа следниот пат нема да глса за уставните измени. Другиот пратеник, кој според нашиот извор, е исто така разочаран од неисполнувањето на она што било ветено од Заев, е Крсто Мукоски. На средбата што Мукоски ја имал точно пред првото гласање на уставните измени, на 19ти Октомври во 20.30 часот, штотуку пуштен од притвор, во кабинетот на Талат Џафери, Заев наводно му ветил дека ќе има широка амнестија за сите учесници во настаните од 27-ми Април, а вклучително и пратениците ќе добијат ослободителни пресуди. Но, после најновите контраверзни и веројатно од власта нарачани сведочења на Василевски-Нинџа и поранешниот секретар на младината на СДСМ, Михаил Младеновски, бранителите на Мукоски, Василевски и Арнаудов, добиле дискретни пораки во судот, дека за нивните клиенти сепак ќе има осудителни пресуди, иако поблаги и со преквалификација на делото од “тероризам“ во “учество во толпа“. Адвокатите им соопштиле на Мукоски, Арнаудов и Василевски дека најверојатно процесот ќе заврши со осудителните пресуди, во кои тие ќе бидат осудени на затвор во времетраење исто со нивното држење во притвор, што значи дека нема да одлежат во затвор. Но, сепак ќе бидат осудени, што било спротивно на ветувањата пред да гласаат за иницијативата на владата за уставни измени. Исто така, на една од неформалните средби на дел од овие пратеници со Фросина Ременски, таа категорично им рекла да не ни помислуваат да бараат амнестија за екс директорот на БЈБ, Митко Чавков, за кого ги потсетила на изјавата на премиерот дадена уште на 28-ми Април 2017та година, кога Заев изјави “Митко Чавков нека бега подалеку“.

Панчо Минов е пратеник од ГРОМ, во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Но, во последно време е многу близок со Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци, кој заедно со Никола Тодоров отворено се залага за имплементација на Договорот од Преспа. Дополнително, Панчо Минов има и свои локални и семејни интереси поврзани со мандатот на градоначалникот на Кавадарци.

Но, дека Заев умешно “ги вози“ осумте пратеници кои на почетокот гласаа за уставните измени, покажува и неговата иницијатива за обезбедување на резервни пратеници за конечното гласање во Јануари другата година. Во Собранието веќе се шпекулира дека на следното гласање за уставните измени, и пратеникот Панчо Минов ќе притисне “за“, а дека за истото веќе има постигнато и начелен договор со владеачкото мнозинство околу одредени работи кои би биле од негова корист. Собраниски извори информираат дека Заев интензивно, преку посредници, преговара со уште еден пратеник и една пратеничка од редовите на опозицијата, кои исто така лично се засегнати со веќе отворени предмети кои ги води СЈО.

Ваквите речиси извесни трансфери му даваат на Заев можност да ја спушта цената на првичниот договор постигнат со Мукоски и Александрова. Во една прилика им било и кажано “нема проблем, ако не сакате, не гласајте во Јануари, но ќе се снајдеме и без вас и ќе останете без ништо“. А пратениците кои веќе еднаш гласаа за смена на уставот, сега се и во уште понеповолна ситуација бидејќи се отпишани и од нивната поранешна матична партија. Немаат каде да најдат потпора и заштита бидејќи сега ниту нивните довчерашни колеги не им веруваат како ќе гласаат следниот пат. А од одредени маргинални, но гласни групи (како таа на Јанко Бачев), кои се под контрола на „безбедњаците„ во СДСМ и се координирани од разузнавачки структури, против овие пратеници се води и јавна хајка и кампања, истите се жигосуваат, а се со цел да се отежне нивниот политички маневар назад кон матичната партија и членство, а спротивен на политичкиот интерес на владејачката партија. Затоа, пишман или незадоволни од слатките ветувања на Заев, изгледа дека Мукоски и Александрова немаат голем избор, освен со наведнати глави да го доиграат орото на кое се фатиле. И тоа не се!

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Браќата Захир и Имер Беќири, членови на СДСМ, беа обвинети за фалсификување на лични карти, пасоши како и за изработка и набавка на оружје, по што завршија во затвор

Чауш до Рашкоски: Да умреш во „Идризово“ кај што лежев за вас

Захир Бекири Чауш до Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на социјалните...

За опозицијата целиот процес е нелегитимен затоа што се водел зад затворени врати и тој е против интересите на Македонија, тие нема да ги поддржат уставните измени.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија собранието!

Денес можеби по некоја очекувана логика , откога беше изгласан законот за амнестија,...

Со 95 гласа „за“, без ниту против и воздражни, Собранието вечерва го донесе по скратена постапка законот за амнестија за настаните од 27 април 2017

По кратка постапка донесен законот за амнестија. Талат Џафери и натаму невин?

Со 95 гласа „за“, без против и воздржани, вечерва Собранието на сеуште Република Македонија...