Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19, потрнцираше Заев!

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 октомври, 2020 7:24

ЗАЕВ ги доби резултатите од Корона тестот: Соопштение за јавноста!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска го добив резултатот од тестот за КОВИД-19 и тој е негативен. Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас, вели премиерот!

Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје.

Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19, потрнцираше Заев!

Позитивен на корона вирус е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Оваа вест тој ја објави на Фејсбук при што наведе дека клиничката слика му е добра, со благи симптоми и веќе е во домашна самоизолација.

Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за КОВИД-19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.

Чувајте се, наведе Спасовски синоќа во објавата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Тој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација, потенцираше министерот!

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, извести Филипче!

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни...

-Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ – старата болница на Систина, каде може да се сместат 100 пациенти.

ФИЛИПЧЕ: ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ЈА ОПРЕМУВААТ БОЛНИЦАТА „МАЛА БОГОРОДИЦА“, ЛЕКУВАЊЕТО ТАМУ НА ТОВАР НА ДРЖАВАТА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, по состанокот со сопствениците на приватните...

Изминатата недела во ЗД Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански беа направени 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ОД УТРЕ ВО ШТИП, ГОСТИВАР, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И КИЧЕВО

Во пет здравствени институции во државата од утре ќе се врши тестирање за коронавирус...