Пријателството со Албанија било 100-отсто пријателско , а Заев „ДЕЛЕГИРАЛ„ доверба во институциите?

Објавил: Македонка Димкин | 14 март, 2019 19:20

Заев ги испофали Албанците а тие го пречекаа без македонско знаме!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Заев во едно интервју: Албанија за нас е најпријателска земја што ја имаме. Ова пријателство е 100-отсто пријателско, помагајќи си едни на други да се движиме напред кон нашата иднина, со крајна цел за нашите граѓани да живеат подобар живот.

Преку ова пријателство подобривме многу работи, како „one stop shop“, како и делегирајќи доверба во нашите институции, изјави премерот Зоран Заев во интервју за тиранската телевизија Топ чанел.

Тој посочува дека трговската размена минатата година се зголемила за 11,5 % и дека  двете држави заедно имаат големи капацитети за да се постигнат и други работи.

„one stop shop“ или, како едношалтерски бизнис се подразбира можноста за спроведување на сите неопходни бирократски чекори што се потребни за постигнување на целта на едно место. Тука спаѓаат формирање на фирми, административни секојдневни задачи, финансиски проекти, даночни пријави итн. Во контекст на европската контрола, едношалтерскиот систем значи дека само Европската комисија има право на ревизија, а спојувањето не може да биде проверено од страна на земјите-членки.

» Исто така, треба да ги охрабриме инвеститорите од нашите две земји за да имаат добивка. Од друга страна, ова значи повеќе работни места за нашите граѓани, поголем БДП, како и нов извоз на нашите компании – потенцираше Заев.

На прашањето дали има конкретен план со албанската Влада за прошрување на економската соработка и слободно двжење на стока и луѓе во двете земји?

Заев вели дека е потребно да се подобрат сите инфрастрктурни проекти кои ги поврзуваат двете земји.

Изградивме проект од 450 милиони евра  (Кичево Охрид)  што ќе не поврзува и со Албанија. А наскоро ќе почнеме и со изградба на железничка линија во вредност од 530 милиони евра што ќе го поврзува Драч со Скопје, што оди понатаму кон Црното Море, Бугарија, а потоа и во Истанбул.

Од првично предвидените околу 400 милиони евра, цената на изградбата на автопатот Кичево-Охрид според владата на Заев ќе пораснела за уште најмалку 187 милиони евра. Доколку на оваа цена се додаделе и евентуалните непредвидени трошоци, 57-те километри автопат во Македонија би можеле да достигнат и цена близу 600 милиони евра, или околу 10 милиони по километар автопат. Специјалното јавно обвинителство ги гони поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски и поранешниот министерот за транспорт Миле Јанакиески и други функционери на поранешната влада во случајот „Траекторија“, токму поради договорот за изградба на автопатите Кичево-Охрид и Штип-Миладиновци. Според СЈО, тие потпишале штетен договор со Синохидро со кој го оштетиле буџетот за околу 150 милиони евра. Во интервјуто за албанската ТВ Заев сепка зборува за некои си 450 милиони евра, што чинел овој Автопат? Каде се другите 150 милиони? Зошто тогаш Траекторија?

Тоа што го изградивме е „one stop shop“ и се надеваме да го отвориме во текот на летото, ќе го намали за 50 отсто времето поминато на граница на граѓаните, но и товарните возила. Работевме и на тоа како соодветните земји делегираат компетенции една на друга. На пример, ако Агенцијата за храна на Албанија изјави дека храната што ќе влезе во „Северна„ Македонија од Албанија е чиста и потврдена според стандардите, тоа е доволно за нас. Ние ќе го прифатиме овој сертификат, како што тоа ќе биде и од друга страна – нагласи премиерот Заев.

Тој најави дека се работи на отворање на друг граничен премин на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбрит) со што ќе се олесни преминувањето на двете страни.

Според Заев доколку се зголеми регионалната соработка меѓу земјите во регионот, тоа ќе биде „високо оценето од страна на ЕУ да работи подобро со нас, а тоа ќе има многу бенефиции за шесте балкански земји“.

Ова е прво интервју на премиерот Заев за една албанска телевизија воопшто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Но главниот град на метроплоата светот не можеше да го види во полн сјај, не работеа фонтаните кои последниве години станаа симбол на Скопје.

Ќе плаќаме 200.000 евра! – Украден механизмот на фонтаните на плоштад?!

Скопје на 7.мај го привлече вниманието кај сите светски медиуми поради историската...

Граѓанските активисти уште од 2016 та година алармираа дека објектот е дивоградба и прекршува низа закони, но освен Јавното обвинителство кое поднесе кривични пријави за инвеститорот

НАДЛЕЖНИТЕ ГАЈЛЕ НЕМААТ: Завршува изградбата на џамијата во Охрид!

Додека институциите со години си ги префрлаат надлежностите и замижуваат пред проблемот,...