Од ВМРО велат дека недозволиво е во 21 век при соодветни институции, при полиција, судство и обвинителство функционер да си зема за слобода да лиши од слобода лица и да ги казнува онака како што нему му одговара со измачување и малтретирање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јуни, 2019 10:16

“Заев ги поддржува функционерите да вршат насилство и и да се однесуваат шерифски спрема граѓаните”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на Заев со секој изминат ден покажа дека прерасна во вистински режим.Аболицираниот криминалец Зоран Заев е поттикнувач и заштитник на криминалот и беззаконието  во Република Македонија,стои во соопштението на ВМРО.

Заев наместо да го осуди и побара оставка од Курто Дудуш, тој се обиде да го оправда за лишувањето од слобода, тепањето и малтретирање на граѓанин. Повеќе од јасно е дека функционерите од власта имаат  безрезервна поддршка од Заев за да вршат насилство и да се однесуваат шерифски и робовладетелски спрема граѓаните.Како е можно премиер на држава која претендира да биде дел од ЕУ да смета дека може да има добра причина за некој човек да биде незаконски затворен, малтретиран и измачуван од страна на функционер?

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е поттикнувач и заштитник на криминалот и беззаконието во Македонија

Од ВМРО велат дека недозволиво е во 21 век при соодветни институции, при полиција, судство и обвинителство функционер да си зема за слобода да лиши од слобода лица и да ги казнува онака како што нему му одговара со измачување и малтретирање.

Таквото однесување  ниту е  демократско, ниту цивилизирано, а уште помалку е европско.Повеќе од  јасно е зошто обвинителството и полицијата се обидоа да го забошотат и прикријат случајот на Дудуш. Јасно е и зошто не се санкционирани и градоначалникот на Демир Хисар,  Марјанче Стојановски кој се закануваше на  граѓани дека ги прислушкува и следи, како и  заменикот министер кој предизвика сообраќајка и загрози човечки животи.Правосудството и полицијата се заробени од Заев, токму затоа беше и смешната и минимална казна за Боро „Марлборо“ Стојчев кој беше фатен во сериозен шверц на цигари.Насилниците и криминалците наместо да се санкционираат, тие добиваат поддршка од премиерот. СДСМ наместо да ги заштитува граѓаните, оправдува и поттикнува насилство врз нив  од страна на нивните пулени и функционери,стои во соопштението на ВМРО.

Од таму додаваат дека криминалот, насилството и корупцијата станаа симбол на оваа разуздана банда на власт.

Република Македонија со СДСМ е небезбедна држава и загрозени се  животите на граѓаните.Одговорност за ваквото однесување ќе има, бидејќи се  ближи денот кога оваа криминална власт ќе си замине,  а сите нивни функционери кои го прекршиле законот ќе одговараат за сите нивни злодела,велат од ВМРО.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Кој нормален човек во Македонија после се што се случи ќе гласа за „психопатот„ Зоран Заев? Дали Македонецот заслужува да го води „монструм„ каков што е Заев?

БЕЛЕСКИ: На 15 Јули е поседниот воз да се спаси Македонија од канџите на предавниците- ГЛАСАЈТЕ ЗА ОБНОВА!

Македонскиот активист и хуманист Васко Белески, на социјалните мрежи повика на 15 јули...

Оптимизмот дека ќе извојува победа во Гостивар, тој го образложи со благодарноста на Албанците во Гостивар, бидејќи тие ги ценат постигнувањата кои се остварени со големо жртвување и пролеана крв.

Ахмети: Ние не бараме нешто за да им ја уништиме среќата на Македонците, ние си го бараме своето

Барајќи го гласот од гостиварци, Али Ахмети лидерот на партијата Демократска унија...

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на Македонската академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на четирите капитални изданија за македонскиот јазик.

Димитров: Македонскиот јазик е затворено прашање и дома и во странство

Македонскиот јазик, за нас Македонците, е затворено прашање и дома и во странство. Секое...

Јанев, кој е член на Њујоршката академија на науките и научен советник на Институтот за политички науки во Белград, ја поздрави заложбата на Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, за поништување на Преспанскиот договор!

Проф. Јанев: Не постои човечко суштество со здрав разум кое би гласало за СДС!

Професорот Игор Јанев, експерт по меѓународна политика и меѓународно право, со порака...