
Македонија
Вести
Премиерот Зоран Заев во вестите на Сител, го коментираше возниот парк на пожарникарите, навраќајќи се на камионот ФАП кој се појави во струмичко да гаси пожари.
„Го видовме тој ФАП-от во струмичко-гевгелискиот регион, ама 8.000 тони вода истури. Знаете како, тој на терен е и активен. Возобновена е машината комплетно, го вози Јоцо Манго од Струмица го познавам директно, струмички пожарникар, а еден таков има и во Демир Капија исто така, но исто така активен е“, рече Заев.
Јас бев на одмор три дена и се вратив затоа што дефинитивно почувствував дека народот сака да ме види овде, кажа денеска премиерот Зоран Заев.
Системот функционира како што кажа и директорот на ЦУК, координацијата се прави на телефон, граѓаните очекуваат премиерот да биде премиер и да го координира системот, а системот е воспоставен со кризната состојба, управува со него директорот на ЦУК, дирекцијата за заштита и спасување, општинските штабови, противпожарните единици и сите единици, со нив дополнително се координираат полицијата, армијата и системот функционираонака како што функционира во сите европски земји, со сите негови предности и слабости и учиме заедно низ него. Драго ми е што можеа и вака функционален систем да го искординираат и со пет странски сили за гасење кои се вклопени заедно со нашите сили и делуваат сплотено на терен, кажа Заев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.