Јас ќе кажам и ќе оставам на министерот за здравство да дообјасни, Владата ја слуша комплетно Комисијата за здравствена заштита и министерот Венко Филипче кој што работат, ако тие предложат ние ќе постапиме.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 октомври, 2020 20:57

Заев: Го повикувам Мицкоски да не го доведува во опасност јавното здравје

Фото/Текст извор: ©kanal 5

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања по одржаната седница на Советот за безбедност од страна на претседателот Пендаровски.

На прашањето дали ќе се воведе вонредна состојба:

Заев: Мислам дека сè беше кажано, но еве ќе се обидам само да дополнам за да се знаат убаво и чисто ставовите, а верувам дека една реченица многу ќе разјасни.

Вонредна состојба нема врска со полициски час или карантин, значи не ни треба вонредна состојба за да Владата прогласи полициски час, не ни треба вонредна состојба за да прогласиме карантин на град, меѓуградско контактирање, вонредна состојба.

Тоа заради јавноста, знам дека вие знаете новинарите, заради граѓаните да знаат убаво е прашањето, вонредна состојба обично се носи кога треба брзи реакции, брзи одлуки или слично.

Парламентот работи и функционира, мене ме плаши неотворената можност за онлајн работа на Парламентот, заради тоа што како што имам информации, можеби не ми се точни, до сега од конституирањето на Парламентот до денеска имаме 10% заразени или во самоизолација или членови на семејствата на пратениците заразени, сите заедно некој 10%.

Ова го кажувам дека допрва доаѓа крајот на есента почетокот на зимата и имајќи го сето тоа предвид, јас очекувам дека сегашната законска регулатива посебно со Законот од вчера, донесен е и Законот за кредитот со Светската Банка.

Донесен е, верувам и сето она што претставува наша законска регулатива, согласно која како Влада носиме одлуки, верувам дека и ребалансот на Буџетот ќе биде донесен до крајот, заради економскиот аспект на кризата, но и заради здравствениот аспект, којшто е вграден во самиот ребаланс на Буџетот. Ќе имаме доволно широчина, како еден од тие којшто ја претставува институцијата, тоа е Владата со право да побарам вонредна состојба, јас не гледам како што и претседателот не гледа потреба од вонредна состојба, секогаш и во минатото потенциравме убаво е Парламентот да се конституира, убаво е Парламентот да работи, Парламентот е конечниот и најголем гарантор на слободите и правата, кој што е очите на јавноста, гласот на граѓаните или слично и треба да функционира, но поентата ми е вонредна состојба е сосема различно од полициски час или од карантин, вонредна состојба се носи заради поефикасно носење на одлуки.

На прашањето дали Владата калкулира со здравствените мерки заради економија:

Заев: Еве вака, јас ќе кажам и ќе оставам на министерот за здравство да дообјасни, Владата ја слуша комплетно Комисијата за здравствена заштита и министерот Венко Филипче кој што работат, ако тие предложат ние ќе постапиме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме доста е! Време е Македонците повторно да се борат и изборат за својте правдини, реле Мицкоски на протестот!

Мицкоски: Оставка на Заев, слобода на народот- да ја ослободиме Македонија

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се обрати од пред Владата, на протестот...

Проблемот со историјата е во тоа што погрешните и лажни толкувања на настаните и луѓето имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава говор на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, што за нас е апсолутно неприфатливо“, смета Захариева.

Захариева се закани: Се додека постои говор на омраза во Македонија, ќе биде блокирана од Бугарија!

Бугарија го блокира почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската...

Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв.

Црвенковски го замрзна членството во СДСМ и побара сите да се оградат од ставовите на Заев

Бранко Црвенковски, поранешниот Претседател на Република Македонија, основач и долгогодишен...

Град Скопје ги потсетува потрошувачите за можноста овој вид на отпад да се одложи во центрите за селекција на отпад на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

ЗА „BLACK FRIDAY“ ОДЛОЖЕТЕ ГО КАБАСТИОТ ОТПАД НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО

Град Скопје оваа година спроведува кампања за правилно одложување на кабастиот отпад...