Заев додаде дека двата народа не треба никој да ги оддалечува и оти мнозинството граѓани во Бугарија не се согласни со ставовите на официјална Софија во врска со ветото кон Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 15 ноември, 2020 12:22

ЗАЕВ: Го подготвив македонскиот народ за блокада и за евентуално вето од Бугарија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Имаме решено пет историски личности и три историски периоди, тоа го потврди и бугарската страна. Подготвени сме да ги објавиме и подготвени сме да почне имплементацијата во учебниците на двете страни. Треба да продолжиме понатаму. Јас сум убеден дека со позитивни одлуки градиме пријателство, со негативни градиме горчина, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета на струмичката болница.

-Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада и за евентуално вето. И тоа е поприлично извесно.

Ако кажете во проценти колку, повеќе во проценти е извесно од тоа да добиеме позитивно. Но, сепак никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста е голема кај политичарите. Иако е ГАК на 17 рековме до декември има време, до крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата во Струмица.

Заев додаде дека двата народа не треба никој да ги оддалечува и оти мнозинството граѓани во Бугарија не се согласни со ставовите на официјална Софија во врска со ветото кон Македонија.

Бугарија на состанокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) одржан на 6 ноември одби да даде поддршка за усвојување на преговарачката рамка за почеток на преговорите на Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Мицкоски со поддршка до Израел: Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо!

Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо

Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно...

Според член 174 од Законот за внатрешни работи, „работникот, со писмена изјава до Министерството за внатрешни работи, може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до навршување 45 години пензиски стаж, без оглед на неговите години на возраст“.

По „брза постапка“ е пензиониран началникот на Секторот за организиран криминал во МВР

На началникот Лазе Велковски, кој работел на неколку од последните акции за заплена...

На средбата беше истакнато дека влезот во НАТО дополнително ја подобрува сигурноста и предвидливоста за нови инвестициски вложувања.

Заеднички економски проекти од регионално значење во фокус на средбата на Заев и Битиќи со менаџментот на Атинската берза

Економијата во фокус на средбите на премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот...

На средбата премиерот на Шпанија, Педро Санчез истакна дека неговата земја е силен поддржувач на Македонија во остварувањето на оваа цел нагласувајќи дека поддржува почеток на преговорите и за Македонија и за Албанија во исто време.

Заев – Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно

На денешната, прва средба на премиерско ниво на шефовите на владите на Македонија и...