Патот напред е потврден. На опасноста ѝ кажавме јасно НЕ, рече Заев!

Објавил: Стојче Бушин | 16 јули, 2020 9:21

ЗАЕВ: Граѓаните гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност и за економски патриотизам

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на вчерашните избори. Тој рече дека граѓаните вчера одбрале да продолжи висинскиот пат на земјата.

Според последните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратенички места, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 44.

„Успеавме народе мој, со предност од над три мандати над ВМРО-ДПМНЕ, со можност на уште 1-2 повеќе, нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалиција.

Според неофицијалните резултати СДСМ и коалицијата освоиле 36.12 отсто гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 34.85.

Волјата на народот се потврди! Победуваме! 

Излегоа граѓаните и гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност, за економски патриотизам, за ред и правда – излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден. На опасноста ѝ кажавме јасно НЕ!

Нека е честита победата, да живеат граѓаните, да живее Македонија, рече Заев во вчерашното обраќање!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во февруари 1992 година станува член на СДСМ. Основач е и генерален секретар на Социјалдемократската младина на Македонија од 1996 до 1999 година, а потоа и нејзин претседател до 2001 година.

Кој е Лазар Еленовски, „идниот премиер“ на Македонија?!

Во медиумите вече на големо се шпекулира за договорот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ДУИ,...

Воедно и лидерот на Левица, партијата која освои два пратеника на изборите, Димитар Апасиев, јавно соопшти дека ќе ги подржат ВМРО ДПМНЕ за состав на нова влада иако нема да бараат учество во неа.

Мицкоски и Ахмети разговараа за ново парламентарно мнозинство!

Откако вчера албанскиот весник Лајм објави дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкосски...

На 10.000 случаи, дури и да има 50 луѓе што по вторпат се позитивни, тоа не е многу. Најверојатно првиот пат биле болни туку само контаминирани, вели професорот.

Д-р Пановски: Пациентите што по вторпат имаат Ковид 19, најверојатно првиот пат не биле болни туку само носители!

Во изјава за Слободен Печат, професорот Никола Пановски посочува дека има и такви кои...

Новите автобуси се енергетски ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на еуро 6.

ПЕНЗИОНЕРИ СО ШТРАФЦИГЕР ГИ КРАДАТ ПОЛНАЧИТЕ ЗА ТЕЛЕФОНИ ОД НОВИТЕ АВТОБУСИ НА ЈСП „СКОПЈЕ“

Граѓани опремени со штрафцигери се обидуваат да ги украдат полначите за телефони кои...