Зоран Заев од Брисел со контраверзна изјава за правото на Македонците во Грција

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 март, 2019 11:45

Заев: Грција има право да коментира дали се зборува македонски јазик кај нив

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Актуелниот премиер Зоран Заев од Брисел со контраверзна изјава за правото на Македонците во Грција да зборуваат на македонски јазик.

Заев во интервјуто за новинската агенција МИА вели дека правото да се оценува дали во Грција се зборува македонски јазик му припаѓа само на јужниот сосед.

Имате ли коментар за узбуната што се крена околу користењето или не на зборот „македонски јазик“ кај населението во Северна Грција? Имаше многу бурни реакции, кое е вашето објаснување?

– Договорот е јасен. И ако го следиме духот на пријателството многу лесно ќе се објаснуваме. Прво факт е дека нашиот јазик е македонскиот јазик, тоа е прифатено во договорот. Истовремено е факт дека е од групата словенски јазици. Научен, потврден факт. Исто така е јазик на сите граѓани кои живеат во Северна Македонија и во дијаспората. Но тоа е различно од хеленското културно наследство, со нивните традиции. Тоа е разграничено. И во духот на добрососедството, и градењето на пријателството, треба да имаме разбирање за вакви прашања. Токму тоа и министерот Димитров го објаснува, и на крајот реков – идентитетските прашања се лични, нешто што го носиме во градите, тоа никој не може да го смени.

Проблем ли е да се каже дека се зборува македонски таму?

– Тоа е право на Грција, тоа треба тие да го коментираат. Со наше невнимание би можеле да предизвикаме незгодни ситуации поради тоа што имаме јасен и прецизен договор, што ние политичарите треба да веруваме во него и внимателно да го имплементираме, а после тоа и граѓаните на двете земји, така што оставам тоа Грција да си го коментира, тие си имаат свој начин на поставување на работите, ние ги почитуваме, тие се наш стратешки партнер.

Извор: expres.mk

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев ми дава 25.000 евра во кеш.

ГЕРОСКИ НАЈАВУВА ТУЖБА: Миленко Неделковски има “ВИДЕО” каде Камчев му дава на Героски 25.000 евра во кеш?

Новинарот Бранко Героски вечерва на социјалните мрежи ги повика Саше Ивановски Политико...

Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство, прашува Каракамишева.

КАРАКАМИШЕВА: “Заев ја избра Русковска за шеф на СЈО, БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ, НИ ВЕЃА ДА МУ МРДНЕ”

Со новото законско решение, СЈО со обвинителите ќе функционираат во рамки на обвинителството...

Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М, кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј го товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Двајцата осомничени тргувале со влијание, убедувајќи луѓе кои се дел од истражна постапка дека се моќни кај јавен обвинител. 

КЛОПЧЕТО СЕ ОДМОТУВА: Запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција...

Jас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа зборуваше за тоа дека...