Собранието вчера попладне и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратениците усно го побара премиерот Зоран Заев!

Објавил: Владо Марин | 5 март, 2021 12:20

Заев: Да ги изгласаме клучните Закони во Собранието и сите да работиме во функција на развој на државата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на денешниот официјален почеток на изградба на далекуводот Овче Поле-Штип одговарајќи на новинарско прашање рече дека вчерашната потврда за довербата во Владата, носи и одговорност да се одблокира работата на Собранието каде што се закочени клучни Закони кои се во функција на развој на државата.

„Најважни се Законот за енергетска ефикасност, енергетската ефикасност и заштедата е важна исто колку и инвестициите. Имаме 25 милиони евра за државните институции и 10 милиони евра за општинските институции, тоа значи обновување на детски градинки, со нови фасади, прозорци, системи за греење, обновување на школи, болници, спортски сали и слично.

Вториот е 50 милиони евра од Светска банка за земјоделството, за откупни пунктови Струмица, Скопје и Ресен, ама најголемата суштина и придобивка на проектот е зголемување на продуктивноста во земјоделието, како од еден хектар со помалку трошоци да имаме поголемо производство, како да го осовремениме нашето земјоделство. Понатаму третиот проект трамвајот на тркала за Скопје, што чини 70 милиони евра и нема тука потреба од натегање меѓу опозиција и власт. Сите да застанеме, брзо да го реализираме тоа. Да не зборувам за законите од областа на културата, на здравството, од петтиот пакет мерки за помош директно кај граѓаните. Тоа е недозволиво. Нема да дозволам како претседател на Влада блокада во Собранието“, порача Заев.

Премиерот најави дека во наредните денови следат и нови политики, со цел конечна цел, како што рече, поголем напредок, зголемена ефикасност во државата, соработки, инклузија, кооперативнот на ниво на консензус.

Собранието вчера попладне и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратениците усно го побара премиерот Зоран Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...