
Македонија
Економија
Премиерот Зоран Заев верува дека до крајот на мандатот ќе успее да го исполни даденото ветување од 500 евра просечна плата и 20 илјади денари минимална плата.
Заев на вчерашната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во првите 100 дена, Заев рече дека доколку не се случела ковид кризата, тогаш досега сигурно би се реализирало ветувањето за 500 евра просечна плата.
– Просечната плата со последните мерења беше 458 евра. Застаната е заради Ковид кризата. Досега верувам дека 500-те евра ќе беа достигнати. Нашето ветување е 34.000 денари просечна плата и 20.00 денари минимална плата до крајот на овој владин мандат, а тоа е летото 2024 година. Верувам дека ќе успееме. Секако се надеваме дека на пролет ќе одмине кризата, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена.
Во Владата на Република Македонија вчера се одржа прес-конференција по повод 100 дена од работењето на Владата, на која премиерот Заев, заедно со првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, и со заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, со заменик-претседателот за координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, и со заменик-претседателот за европски прашања Никола Димитров, ги презентираа остварувањата од работењето на Владата во првите 100 дена.
Владата останува на утврдениот стратешки колосек.
Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ! Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет. Наша обврска е да ги спроведуваме европските стандарди дома! За нас нема друг пат, нема друга алтернатива и нема откажување!
Продолжуваме како и во првите 100 дена.
Заедно со граѓаните, рече Заев!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.