Можни се, истакна, изолирани, поединечни случаи на технички грешки кои настанале несакајќи, при внесување на матичните броеви, но тие треба да се пријават за веднаш да се отстранат и попишувањето да продолжи непречено.

Објавил: Сара Фемина | 2 април, 2021 14:46

Заев: Дијаспората е нашиот народ, денеска е надвор – утре ќе е тука

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Може секој да си дозволува да игра за политички причини со бројките. Не е во ред да ни треба дијаспората кога треба да не гласаат, а да не ни треба кога ни дава пари, кога треба да ја попишеме, кога помага на домаќинствата. Дијаспората е нашиот народ. Денеска е надвор, утре ќе е тука. Може некој од нас утре ќе е надвор, а дијаспората ќе е тука, пренесува Фокус!

Тоа е нашиот народ. Ние си го попишуваме целиот наш народ без разлика дали е дома или надвор, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Христијан Мицкоски дека дијаспората треба да се евидентира, а не да се попишува.

Заев уште еднаш апелира до граѓаните дека е важно секој да се попише.

Можни се, истакна, изолирани, поединечни случаи на технички грешки кои настанале несакајќи, при внесување на матичните броеви, но тие треба да се пријават за веднаш да се отстранат и попишувањето да продолжи непречено.

На крајот тоа се корегира. Имаме и доволно време, но важно е граѓаните да го пријават ваквиот случај. Може да пријават директно во Државниот завод за статистика каде пописните одбори ќе го согледаат проблемот и ќе го отстранат за да може секој да се попише. Навистина е важно секој да се попише, дали живее дома или надвор од државата. Се работи за операција која е емпириска, но и техничка истовремено. Може да се случат одредени технички грешки, но ако ги пријавиме тие се отстрануваат и се решаваат. Апелирам до граѓаните за ваков или за друг сличен проблем веднаш да пријават во Заводот за статистика за да биде отстранет и за да си го исполнат своето граѓанско право и обврска – да се попишат, изјави премиерот по пуштањето во употреба на модуларната болница во Прилеп.

Тој уште еднаш подвлече дека за државата се исто важни и граѓаните кои се дома, но и оние што живеат надвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Освен Фетаи во Вишото обвинителство во иднина ќе работат и обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска.

Советот за јавни обвинители ја понижи Ристоска: „Разочарана сум“, што не бев избрана за виш јавен обвинител

Во изјава за „360 степени“, обвинителката Ленче Ристоска не го криеше своето разочарување...

Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица и Катерина Колариќ од ОЈО Скопје ќе го засилат Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во тимот на Русковска

Тројца обвинители од поранешното СЈО и по една обвинителка од Скопје и Струмица ќе...

Претставниците на земјоделците го информираа претседателот Мицкоски дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период.

Мицкоски на средба со земјоделците од Арачиново и Гази Баба: Власта со години не им ги исплаќа средствата за обештетување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со претседателот на Комисијата...

Битиќи изрази задоволство со тоа што со овој инвестициски проект дополнително ќе се влијае на зголемување на извозот во нашата земја, а поради тоа што воведување на нова производна линија во погонот во Кавадарци и отворањето на новиот производствен погон во Куманово, ќе отворат нови можности за граѓаните од овие општини, но и ќе влијаат на локалниот економски развој.

Нова инвестиција во Кавадарци и Куманово во вредност од 16 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација...