Откако сите останати членки го ратификуваа договорот за НАТО се чека само уште на Шпанија која треба да формира влада.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 декември, 2019 8:42

Заев добил ветување од шпанскиот премиер за брза ратификација на протоколот за НАТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На самитот на НАТО во Лондон, шпанскиот премиер Пендро Санчез му дал ветување на македонскиот премиер Зоран Заев дека Шпанија за многу кратко време ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Со паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, главната цел на алијансата станала придобивање на земјите кои претходно се наоѓале под влијание на т.н. Источен блок, односно поранешните членки на Варшавскиот договор. Ова пред сè се однесува на земјите од Балканскиот Полуостров, кое доведе до проширување на алијансата во 2004 година (Бугарија, Романија) и 2009 година (Хрватска и Албанија).Во 2009 година требало и Република Македонија да пристапи кон алијансата, но поради недоразбирањата со Грција околу името Македонија, таа го блокирала пристапот на Букурешкиот самит.По терористичките напади од 2001 година врз САД, алијансата се насочува кон нови предизвици, ангажирајќи војски во Авганистан и Ирак, со што се смета дека НАТО ја надминува таканаречената „Криза на индентитетот“ од 1990-те години.

Откако сите останати членки го ратификуваа договорот за НАТО се чека само уште на Шпанија која треба да формира влада.

Како што вчера изјави премиерот Заев  тој дирекно од шпанскиот премиер добил ветување дека Шпанија многу скоро, најверојатно во јануари ќе ја депонира ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја за членство во НАТО во Вашингтон.

Ратификацијата на Протоколот останува да биде завршена уште во оваа земја, каде на почетокот на минатиот месец се одржаа избори, но таму треба да се формира новата Влада.

Изборите во Шпанија се одржаа во ноември, па шпанските пратеници дури завчера влегоа повторно во Парламентот, но се уште не е дефинирано дали наскоро ќе биде формирана нова влада и ќе бидат избегнати нови избори.

Во наредните неколку недели шпанскиот крал Фелипе Шестти по конститутивната седница на Парламентот треба да се сретне со лидерите на парламентарните партии за да се избере влада.

Последна која го ратификуваше договорот за НАТО беше па со тоа остана само уште Шпанија да го стори истото.

Шпанија треба да формира прво влада, по изборите кои се одржаа на 10 ноември.

Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!, напиша тогаш вицепремиерката Шекеринска на Фејсбук.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...