
Македонија
Вести
По одлуката за донации на вакцини, премиерот Зоран Заев му се заблагодари на бугарскиот премиер Бојко Борисов.
„Ова е исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Македонија.
Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет“, напиша Заев на фејсбук.
Од секоја количина вакцини којашто Република Бугарија ја добива благодарение на тоа што како земја членка на ЕУ имаше механизми да склучи директни преговори со производителите, еден дел ќе ни бидат доделени нам, за граѓаните на нашата земја.
Упатувам искрена благодарност до премиерот Борисов и министерот за здравство Ангелов за оваа помош и гест на добрососедство и пријателство. Со ова значајно се олеснува нашиот пристап до вакцините.
Со истата динамика со којашто вакцинацијата ќе се спроведува во земјите членки на ЕУ, ќе се спроведува и кај нас.
Нашата соработка продолжува и во иднина, пред сите нас се предизвици за целосна имплементација на процесот на вакцинација, истакна вчера министерот за здравство, Венко Филипче!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.