Заев испрати честитка по повод денешниот празник!

Објавил: Сара Фемина | 4 април, 2021 11:25

Заев до верниците на Католичката црква и протестантските деноминации: Велигден во услови на пандемијата ни дава надеж и сила за победа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки по повод празникот Велигден до д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх во Македонија, во кое во негово и во име на Владата на Република Северна Македонија, на сите верници на Католичката црква во нашата земја, како и на сите верници од протестантските деноминации во земјата коишто денеска го празнуваат, им го честита големиот христијански празник – Велигден.

Претседателот на Владата Заев во писмото пишува дека и годинава еден од најсветлите празници се празнува со ограничувањата кои ги донесе пандемијата на коронавирусот КОВИД-19 и во период кога целиот свет се соочува со тешки искушенија.
 
Саможртвата на Христос е подвиг од љубов посветен на нас луѓето, со кој Бог ни се даде како пример токму кога за момент сè изгледаше како пораз. И кога темнината и тишината настапија на земјата, Он воскресна и со смрт смртта ја победи за да ни ја врати со целата полнота надежта“, истакнува премиерот Заев во честитката до верниците од католичката и протестантските заедници во земјата по повод Велигден.
 
Премиерот Заев порачува дека на празникот посветен на спасението и на новиот живот, да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, и низ нашата скромност да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на ближните.

„Токму светлината на овој празник во овие драматични мигови за човештвото, не поттикнува да се преиспитаме,  да создаваме добри дела и да покажеме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни во кругот на нашите семејства, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава. Христос со воскреснувањето ни покажа нешто навистина ново, нешто што ја промени состојбата на човештвото и светот и ни дава надеж и сила за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда“, пишува премиерот Заев во честитката до верниците од католичката и протестантските заедници во земјата по повод Велигден со желби празничните денови поминат во добро здравје и духовна сила со пораката „Христос воскресна!“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Бог не учи да го сакаме ближниот, да живееме во мир и слога и дека преку верата во него ќе ги надминеме сите предизвици.

Мицкоски: Го честитам воскресението Христово, со желби за среќа, радост и благосостојба во секој дом.

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од Христијанска...

Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија.

Католиците го слават Велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово...

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Соопштение за неработен ден 05 април 2021 година

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за...