Ние сите би сакале дома да имаме доволно вакцини, нагласи премиерот Заев, но реалните околности се тие што се, ние треба реално да зборуваме.

Објавил: Перо Милчин | 2 април, 2021 20:55

Заев: До крајот на мај ќе имаме доволно вакцини за да се обезбеди непречена имунизација на повеќе категории граѓани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5 вечерва нагласи дека сега е најважно што започна процесот за масовна вакцинација и дека се работи на тоа да се обезбедат сите услови овој процес да не биде прекинат и во таа насока се добредојдени вакцините „Спутник В“ од последната донација од Република Србија.

Тоа ќе ни помогне да го премостиме периодот до втората половина на април, односно од 10 до 15 април кога ги очекуваме следните количини од КОВАКС механизмот, како и 200-те илјади вакцини од НР Кина од „Синофарм“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во интервјуто за ТВ Канал 5.

Ние сите би сакале дома да имаме доволно вакцини, нагласи премиерот Заев, но реалните околности се тие што се, ние треба реално да зборуваме.

„Јас изразив непријатно чувство, нема дилема околу тоа, но истовремено не смееме да ја преминеме границата и да кажеме дека државата не направила нешто што требало да направи. Државата направи се што требаше да направи. Вклучени се неколку наши земји блиски партнери со кои што разговараме да се вклучат и да ни помогнат. Секако не можеме, а да не го потврдиме исклучителниот чин на солидарност, пријателство, добрососедство, која што Србија го покажа, и ние ќе најдеме начин да им се оддолжиме на граѓаните на оваа наша соседна и пријателска земја“, рече премиерот Заев и најави дека заклучно со мај во земјата ќе има околу 350 илјади вакцини со што ќе се обезбеди континуитетот на имунизацијата на повеќе категории граѓани и да се стави во завршница пандемијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Со ставот на Гошев се согласува и екс-оратеничката Ивана Туфегчиќ. За неа, „пркосот е одраз на принципиелност и интегритет а пораката на премиерот, промовирање на сервилност“.

Ако СДСМ е вистинска партија, треба да го одбрани Стојко Пауновски, смета Петар Гошев

Пркосот е одраз  на принципиелност и интегритет а пораката на премиерот, промовирање...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва изјави дека истрагата за случајот „Двојник“ во врска со злоупотребите при издавање на пасоши, ќе се прошири, без разлика дали се работи за структури во МВР или надвор, и без разлика колку високо ќе се дојде во хиерархијата на полицијата.

Спасовски: Истрагата за „Двојник“ ќе се прошири, нема толеранција за никого

Вечерва во „Само вистина“ гостин беше министерот Оливер Спасовски. Министерот за...

Според Славески, министерот за здравство Филипче треба да го следи примерот на австрискиот колега.

Славески: Се направија многу грешки и Филипче треба да си даде оставка како неговиот австриски колега

ВМРО-ДПМНЕ одамна кажа дека ќе направи се за да се реализира петтиот пакет мерки. Има...