Премиерот Заев со најави дека ќе го почитува обврските од НАТО алијансата

Објавил: Узунов Бобан | 20 март, 2019 7:47

Заев: До 2024 година ќе одделуваме 2 % од Буџетот за одбраната

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Зоран Заев, по средбите во седиштето на Европската Унија, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон целите и вредностите на Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Премиерот потврди дека Македонија е решена да ја постигне целта од два отсто од бруто-домашниот производ за одбраната, како што се бара од сите земји членки на Алијансата.

– Во 2018 го зголемивме буџетот на нашите одбранбени сили за 14 отсто и остануваме посветени да ја оствариме нашата цел и најдоцна до 2024 да обезбедиме два отсто од нашиот БДП да одат за современи армиски сили, кои во секој поглед ќе бидат рамноправни со своите сојузници, рече Заев по средбата со Столтенберг.

Зголемувањето на буџетот за воените сили е една од обврските што ги преземаа сите земји членки на Алијансата уште во 2014 година, заложба што ја потврдија на минатогодишниот Самит на НАТО во Брисел.

Ова, рече премиерот, ќе значи и зголемено учество во воените мисии на Алијансата. 

– Оваа наша цел ќе ни помогне да го зголемиме нашето учество во мисиите предводени од НАТО, како и нашата партиципација во командните и политичките структури на Алијансата. Тоа е приоритет за нас кога стануваме полноправна членка на Алијансата. Подготвени сме да продолжиме да соработуваме со сите наши НАТО сојузници за да го преземеме нашиот дел од заедничките обврски и одговорности како триесетта членка за да обезбедиме свој придонес за натамошното обликување на регионот во мирен, безбеден и просперитетен регион, изјави Заев.

Тој ги увери сојузниците дека Македонија е посветена да ги брани и вредностите врз кои се темели Северноатлантската алијанса, како и да придонесува за регионалната стабилност.

– Нашето членство ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во регионот и ќе биде инстурмент за креирање попозитивна слика за нашиот регион. Процесите што ги поминавме не беа лесни, но беа исклучително важни за нашата земја, истакна премиерот.

Тој додаде дека договорите со Бугарија и Грција се непобитен доказ за нашата зрелост, тие се темелите за идниот развој, за силното партнерство што ќе  биде придонес за зајакнување на регионалната безбедност и стабилност, подготвени сме да ги поддржиме сите земји од соседството во исполнувањето на овие стратешки цели.

Генералниот секретар на НАТО уште еднаш го поздрави Преспанскиот договор и заложбите на владата кон евроатлантските процеси и рече дека со нетрпение го чека полноправното членство на Северна Македонија како триесетта земја во Алијансата.

– Заедно ги браниме демократијата, индивидуалните слободи и владеењето на правото. Северна Македонија веќе многу придонесува. Дел сте од мисијата во Авганистан, промовирате соработка во југоисточна Европа и спроведувате важни реформи. Ја охрабрувам земјата да продолжи по реформскиот пат, ова е важно додека се подготвувате за членство. Со нетрпение го чекам членството на Северна Македонија во Алијансата, она што се чинеше далечен сон наскоро ќе стане реалност, изјави Столтенберг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев ми дава 25.000 евра во кеш.

ГЕРОСКИ НАЈАВУВА ТУЖБА: Миленко Неделковски има “ВИДЕО” каде Камчев му дава на Героски 25.000 евра во кеш?

Новинарот Бранко Героски вечерва на социјалните мрежи ги повика Саше Ивановски Политико...

Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство, прашува Каракамишева.

КАРАКАМИШЕВА: “Заев ја избра Русковска за шеф на СЈО, БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ, НИ ВЕЃА ДА МУ МРДНЕ”

Со новото законско решение, СЈО со обвинителите ќе функционираат во рамки на обвинителството...

Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М, кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј го товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Двајцата осомничени тргувале со влијание, убедувајќи луѓе кои се дел од истражна постапка дека се моќни кај јавен обвинител. 

КЛОПЧЕТО СЕ ОДМОТУВА: Запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција...

Jас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа зборуваше за тоа дека...