Првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1%, вториот пакет мерки е 100% имплементиран, третиот пакет 75,4% и четвртиот пакет 72,7%.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 април, 2021 4:24

ЗАЕВ: Економијата во македонија е жива и стабилна, се радуваме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4% е растот на вкупните приходи, 5% е растот на даноците и придонесите.  Вториот пакет економски мерки е имплементиран 100%, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Економските мерки го подобрија економскиот резултат за 4,2 процентни поени, беше истакнато на вчерашната прес-конференција на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими, на која присуствуваа и Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Крешник Бектеши, министер за економија и Кире Наумов, директорот на Развојната банка.

Премиерот Заев, истакна дека сите пакети на антикризни мерки за поддршка на економијата во својот фокус ги имаат граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарност, креирање амбиент за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и спроведување на брза излезна стратегија за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.

Првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1%, вториот пакет мерки е 100% имплементиран, третиот пакет 75,4% и четвртиот пакет 72,7%. Мора да се нагласи дека некои од мерките од третиот и четвртиот пакет се реализираат во текот на оваа година, така да вкупната имплементација на мерките во однос на планот може да се зголеми, па дури може да достигне и до 99% имплементација. Гледано по компоненти на БДП, доколку не биле преземени мерките како субвенции за плати, придонеси од плати, платежни картички и сите мерки кои ги донесовме,  падот на приватната потрошувачка би бил речиси двојно поголем, односно -11,8%, наместо -5,6% колку што изнесува според објавените податоци на Државниот завод за статистика. Во рамките на четирите пакети кои се предмет на анализа,  донесени се околу 70 различни мерки, со кои се опфатени и  поддржани компаниите  и граѓаните погодени од пандемијата.  Од вкупно 70 усвоени мерки во рамки на сите 4 пакети, во тек е имплементацијата на 21 мерка во вредност од 30 милиони евра, додека имплементацијата на 7 мерки во вредност од 150 милиони евра се во собраниска процедура и јас се надевам дека пратениците бргу ќе дадат зелено светло и на овие мерки“, изјави Заев и додаде дека имаме позитивни сигнали дека економијата заздравува, а за тоа се потврда позитивните тековни економски движења и тоа: високиот раст на извозот; растот на трговијата; зголемениот број во кредитирањето и растот на просечната плата.

Премиерот Заев, потенцира дека извозот има номинален раст од 15,4 отсто во јануари на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти. Во  јануари прометот во внатрешната трговија има номинален годишен раст од 0,8 отсто, просечната плата има раст од 2,7 отсто, позитивни трендови се утврдени и во кредитирањето на населението и стопанството, така што во февруари вкупните кредити се зголемени за 4,4 отсто на годишна основа, кај стапката на невработеност е забележано постепено намалување, вработеноста е зголемена.

„Согласно последните макроекономски и фискални движења и очекувањата во однос на меѓународното економско окружување, домашната економија е предвидено да се врати на патеката на економски раст во 2021 година и да ги надмине шоковите предизвикани од пандемијата. Со закрепнување на глобалната економија, очекуваме дополнително закрепнување и на надворешната побарувачка, што силно влијае на нашиот извоз, како и со растот на домашната потрошувачка, поддржан и преку антикризните економски мерки, ќе се придвижи економскиот раст. Проектираме раст од 4,1 отсто, со очекувања извозот да забележи раст од 14 отсто, бруто-инвестициите раст од 7,7 отсто, приватната потрошувачка реален раст од 3,5 отсто, јавната потрошувачка од 4,3 отсто, додека бројот на вработени е проектирано да порасне за 1,9 отсто, а невработеноста да се намали соодветно на тоа“, рече премиерот.

Министерот Бесими истакна дека од почетокот на годината имаме позитивни движења во економијата, кои најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот.

Даночните приходи и придонесите се повисоки за 5% во однос на истиот период лани – што е преткризен период, каде нема импакт од КОВИД-19 кризата, при што даноците се наплатени во износ од 27,758 милијарди денари и се за 6,2% повисоки во однос на истиот период лани. Растот на даночните приходи е по скоро сите видови даноци, така ДДВ е повисоко за дури 11,4% во однос на првото тримесечје лани, данокот на добивка е на ниво повисоко за 5%, увозните давачки се повисоки за 10,4%, персоналниот данок на доход е на скоро исто ниво како и лани, со раст од 0,8%. Придонесите се на повисоко ниво во однос на истото тримесечје лани за 3,3%“, посочи Бесими.

Министерот за финансии рече дека на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои се одржуваат неделава, е преставен Планот за финансирање на забрзан раст (Growth Acceleration Financing Plan).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

За февруари на 11.694 работодавачи е исплатено 851.157.045,00 денари за 53.348 вработени, а за март на 11.197 работодавачи исплатено е 808.322.501,00 денари за 50.876 вработени.

Анализа за искористеност на финансиската поддршка за месеците февруари и март 2021 година

На денешната прес-конференција, директорката на Управата за јавни приходи ја информираше...

Податоците покажуваат дека по оваа, највисока плата е 73.657 денари во дејноста телекомуникации, потоа следува дејноста производство на основни фармацевски производи и фармацевски препарати со 70.008 денари.

Топ пет највисоки плати во Македонија

Просечната месечна нето-плата во март годинава изнесува 28.217 денари и бележи раст од...

Ваквите позитивни движења во економијата, даваат сигнал на стабилизирање и раст, кој согласно владините проекции ќе изнесува 4,1% за 2021 година.

Континуирано расте просечната плата, позитивни економски трендови

Континуирано расте просечната месечно исплатена нето – плата по вработен. Согласно...

Заклучно со 27-ми април, сите податоци од регистарот се доставени до надлежните институции за натамошно постапување и до банките, кои имаат клучна улога како субјекти кои преземаат мерки за спречување на перење пари и финансирање тероризам.

Николовски: 90 проценти од правните лица го пријавиле вистинскиот сопственик во законскиот рок

Вкупно 69.284 субјекти, односно близу 90% од правните субјектите, во рамки на законскиот...