- Денеска е 7-ми ден, ни помина цела недела како никој не знае каде е Катица Јанева. Спасовски се прави недоветен зошто би ја следел, а пред очи ни се случува најголемата криминално-политичка афера каде што Катица Јанева е директно вмрежена со првоосомничениот и второосомничениот. Имаме директни јавни признанија од обвинителката Вилма Русковска дека Катица Јанева контактирала со првоосомничениот Боки 13 за конкретниот рекет и се уште никој не знае каде е Катица Јанева, а не пак да биде приведена и сослушана, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Објавил: Валерија Петрова | 22 јули, 2019 14:53

Заев е главата на октоподот: Русковска, ЗАев и Спасовски свесно и даваат простор на Јанева

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Потпаролот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој изјави дека Заев, Спасовски и Рускока и даваат простор на Катица Јанева.

– Денеска е 7-ми ден, ни помина цела недела како никој не знае каде е Катица Јанева. Спасовски се прави недоветен зошто би ја следел, а пред очи ни се случува најголемата криминално-политичка афера каде што Катица Јанева е директно вмрежена со првоосомничениот и второосомничениот. Имаме директни јавни признанија од обвинителката Вилма Русковска дека Катица Јанева контактирала со првоосомничениот Боки 13 за конкретниот рекет и се уште никој не знае каде е Катица Јанева, а не пак да биде приведена и сослушана, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Како што додава тој, според признанијата на обвинителката Русковска, Катица Јанева до сега требаше да биде сослушана и да биде заедно со нејзиниот син во притвор. Дали Зоран Заев, Оливер Спасовски и Вилма Русковска ја штитат и ја кријат Катица Јанева од органите на прогонот?

-Има неколку нелогичности во целиот случај и постапка. Русковска јавно призна дека знаела цели два месеца за разговорот помеѓу Катица Јанева и Боки 13 и што се се разговарало во него, но не преземала ништо по тоа прашање два месеци еве не презема се уште. Да потенцираме, дека во моментов додека Катица Јанева се крие заедно со еден од нејзините телефони кој што никој не знае каде е, може да влијае на сведоци, може да избега, може да уценува, да рекетира и се останато. Заев, Русковска и Спасовски, свесно и даваат простор и време, на Катица Јанева, но и на нивните блиски Кики и Фрики да се исперат од целиот случај. Јавноста заслужува одговори, потенцира Арсовески.

Како што подвлече тој, Зоран Заев треба да си даде оставка веднаш. Бидејќи Зоран Заев го понижи народот и ја уништи Република Македонија. Зоран Заев е главата на овој криминално-политички октопод кој рекетирал се живо и диво изминативе години под превезот на СЈО. Затоа, оставка на Зоран Заев и предвремени парламентарни избори се решението на сите проблеми и кризи кои ги направи оваа неспособна криминална Влада на СДСМ и Зоран Заев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ти ја напиша вистината серџо, боки вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно, силен е тој, ќе го преживее и ова, тој е модерниот робин худ,

Зоки Фаци за “Рекет”: Боки 13 е модерниот Робин Худ, вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно!

Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци, кој е вработен во 1ТВ, напиша емотивна...

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...