Заев повторно со манипулативни изјави: во овој момент не знаел колку пратеници ќе гласаат „за“, но верувал дека ќе бидат над осумдесет

Објавил: Македонка Димкин | 5 јануари, 2019 11:33

Заев е добар глумец, но очигледно заборавил дека одамна е прочитан?

Фото/Текст извор: ©Ефимерида тон синдактон / новамакеоднија / магазин

И птиците на гранките знаат дека Заев направи се, за да го обезбеди потребното мнозинство за промена на уставот, во јавноста тој сеуште пласира информации со кои тој сака да го отргне токму него најпогодениот, народот да не излегува на протести бидејки наводно немал 80 пратеници. Така тој во една изјава вели дека  е оптимист дека ќе успее да го обезбеди потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија пред финалното гласање на уставните измени неопходни за имплементација на Договорот од Преспа иако вели дека поддршката со број на пратеници ќе се знае на чинот на гласањето.

Заев деновиве, во рамки на консултациите со политичките партии за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени, има средби со лидерите на албанските опозициски партии „Беса“ и „Алијанса на Албанците“ кои единствено поднесоа амандмани на уставните амандмани во предвидениот законски рок, а додека пак опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во измените.

Двете опозициски партии од албанскиот блок досега беа конструктивни во однос на процесот на уставни измени. Дел од нивните сугестии се вградени. Сите политички партии силно го поддржуваме процесот на евро и евроатланските интеграции, но со нив ќе разговараме и за оние работи за кои имаат резерви, порача македонскиот премиер.

Од владината прес-служба информираа дека на вчерашната средба со претседателот на опозициската „Беса“, Билал Касами, , било договорено да се одржи уште еден состанок, најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од „Беса”, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.

Референдумот за конечниот договор со Грција кој се одржа на 30. септември 2018 заврши неуспешно, поради одзив од околу 37 проценти. Неуспешноста на референдумот не е само поради неисполнување на законскиот праг за успешност, одзив од 50 отсто или околу 900.000 гласачи. Неуспешноста е поради тоа што референдумот беше под очекувањата на тие што го распишаа и организираа, Владата и СДСМ. Од потпишувањето на конечниот договор со Грција, каде што референдумот може, но не мора да биде дел од постапката, како и одлуката на власта референдумот да биде консултативен, беше јасно дека Владата не очекува дека референдумот може да го постигне законскиот праг. Иако јавноста беше очевидец на полнење на кутии и иако и дел од работата на СЈО е всушност тоа полнење на кутии од минатото, овој пат обвинителите останаа неми и глуви иако тоа мораше да биде нивна законска обврска, сепак власта и СДСМ се одлучија да не го почитуваат гласот на народот и тргнаа во офанзива на купување и уценување на пратеници.

Во вчерашното интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“, пак, Заев нагласил дека Договорот од Преспа во иднина не може да се промени и изрази надеж дека решението меѓу Македонија и Грција ќе добие зелено светло од пратениците и во двете земји, но не ја крие и неговата загриженост. Упати порака до грчките граѓани дека сите одлуки што се носат од македонските институции се засекогаш. Сепак за воља на вистината Заев недоволно го познава правото, и не само што договорот мое да се промени туку тој е целосно ништовен бидејќи за сега не е потпишан од првиот претседателот на државата.

Процесот во нашите земји е неповратен. Не постои можност некој да го смени договорот од Преспа. Пред се, станува збор за закон и исто така тоа е уставна промена. Го променивме нашиот Устав бидејќи веруваме во подобра иднина за нашите граѓани и за целиот регион и за да пратиме порака до Европа за европски Балкан, коментира македонскиот премиер во интервјуто за грчките медиуми.

Заев повторно со манипулативни изјави: за процесот кај нас,  во овој момент не знаел колку пратеници ќе гласаат „за“, но верувал дека ќе бидат над 80. -Секако, процесот се води во консултација со грчката Влада, бидејќи е важно да биде во духот на Договорот од Преспа, со единствена цел зајакнување на нашето пријателство, вели Заев.

Притоа Заев повторно гази по чувствата на Македонскиот народ кој единствено има право и легитимитет да одлучува за своето име постоење и легитимитет

Искажа загриженост и за претстојните процеси во грчкиот Парламент, едниот за ратификација на договорот, другиот за ратификација на протоколот за членство во НАТО. -Да, загрижен сум, како што сум загрижен и за нашето Собрание, бидејќи, на крајот, гласаат пратениците, посочи Заев.

Од Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас оценија дека со интервјуто премиерот Заев ги разби сите аргументи на лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис против Договорот од Преспа.

Панос Каменос дециден. Немаше соработка помеѓу Ципрас и Коѕијас. Три пати поднесуваше оставка, но не прекина да ги троши парите од тајните фондови, од кои добар дел се користеше за против руски напади но и создавањето на Преспанскиот договор. Коѕијас е човек на Џорџ Сорос.

Сега кога самиот Зоран Заев целосно ги урива псевдо-толкувањата на екстремно десничарската група на Нова демократија за националност, јазик и отстапување, што ќе прави господинот Мицотакис? Зад кој нов смешен аргумент ќе се скрие за да ги задоволи неговите екстремно десничарски водачи?, прашаа од Кабинетот на Ципрас.

Третата и последна фаза од имплементацијата на Преспанскиот Договор започнува следната недела на 9 јануари 2019 кога е закажана седница на Собранието на Република Македонија за усвојување на уставните измени.

За да помине текстот на амандманите на Уставот предложен од Владата треба да биде поддржан од најмалку две третини од пратениците во законодавниот дом или од 80 пратеници. Знаејќи дека тројцата пратеници кои беа под обвинение сега се експресно амнестирани повеќе е од јасно уставните измени да поминат Потоа топката се префла во Грција, а премиерот Заев верува во зборот на неговиот грчки колега Ципрас, дека има парламентарно мнозинство за да се ратификува Договорот од Преспа.

Но што ако Јужната Република (Грција) не го ратификува Договорот од Преспа? Што тогаш? Кој ќе ја плати цената на срамот и ужасот низ кој проаѓа Македонскиот народ?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.